На продажба пет детски одморалишта

Скопје, 20 октомври 2014 (МИА) - Владата во декември годинава на електронска јавна аукција ќе понуди на продажба шест детски одморалишта кои се во сопственост на државата. Пет од нив и по продажбата треба да ја задржат дејноста туризам, а едно да биде пренаменето во дом за згрижување стари лица.

На продажба се детските одморалишта Ѓуриште во Свети Николе, Шула Мина во Крушево, Суви Лаки кое се наоѓа меѓу Берово и Струмица, Николиќ во Дојран и Малешево во Берово, кои треба да ја задржат дејноста туризам и поранешното детско одморалиште во Пехчево кое новиот сопственик по купувањето во рок од 24 месеци ќе треба да го пренамени во пензионерски дом.

За таа цел минатата недела Владата објавила оглас во кој се наведени информации за објектите кои се на продажба, како и нивната почетна цена од која ќе почне јавното наддавање. 

Одлуката за продажба на детските одморалишта, како што соопшти на денешната прес-конференција владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, е донесена согласно стратешките определби на Владата за развој на туризмот во Македонија.

- Цениме дека ова е добра можност за остварување деловен потфат од страна на компаниите, бидејќи овие одморалишта во минатото имале препознатлив бренд, кој и ден денес постои. Можеби е избледнет, но, сепак постои. Локалната заедница ги познава како такви, има искуство со практикување ваква дејност и има и обучена работна сила која би можела да биде ангажирана. Тоа е добра основа за реализација на еден квалитетен деловен потфат кој може да донесе и профит за компаниите, но и да отвори нови работни места, што е стратешка цел на Владата, рече Ѓорѓиев.

Во објавениот оглас, додаде, ги има најголемиот дел од податоците битни за донесување одлука од страна на приватниот бизнис. Заинтересираните може да добијат дополнителни информации на веб страницата на Министерството за труд и социјална политика, но и на директна телефонска линија. 

Портпаролот на Владата информира дека почетната цена на Ѓуриште во Свети Николе, со површина од 1.060 метри квадратни, е околу 57 илјади евра,  на Шула Мина во Крушево, со 1.216 метри квадратни, околу 75 илјади ева, а на Суви Лаки, кое се наоѓа меѓу Берово и Струмица и има 3.445 метри квадратни, околу 170 илјади евра. Детското одморалиште Николиќ во Дојран, кое има 6.082 метри квадратни, ќе се продава со почетна цена од околу 315 илјади евра, а Малешево во Берово, кое има околу 4.000 метри квадратни, со почетна цена од 515 илјади евра. 

Петте дома кои треба да ја задржат дејноста немаат временско ограничување во кое би требало да ги почнат градежните активности. Ѓорѓиев информира дека за нив важат општите законски услови во кој период треба да започнат градежните активности и да се завршат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...