Зголемени субвенциите за привлекување туристи

Скопје, 21 октомври 2014 (МИА) – Владата донесе одлука да се зголеми износот на субвенциите за привлекување туристи од Босна и Херцеговина, Србија и Бугарија од сегашните 25 на 35 евра по донесен турист.

Како што информира портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев на денешната прес-конференција,  услов за добивање субвенција за туристите од БиХ, Србија и Бугарија е да имаат организиран престој во Македонија со најмалку седум ноќевања, како и организирано да доаѓаат и да заминат од земјава со авионски превоз.

Покрај тоа, од 1 јануари 2015 година се предвидува и субвенционирање во износ од 65 евра по турист за привлекување туристи од Германија, САД, Англија, Казахстан, Азербејџан и Катар. Услов за добивање субвенции за туристи од овие земји е да имаат најмалку три ноќевања во Македонија.

- Туризмот е гранка каде имаме континуиран позитивен тренд на пораст на општите индикатори што говори дека владините политики во оваа сфера даваат резултати. Во изминатите години од година во година имаме се поголем раст на бројот на туристи од странство, но и од земјава. Во периодот од јануари до август 2014 година споредено со истиот период од лани имаме раст на бројот на туристи за 5,9 проценти. При тоа бројот на домашни туристи е пораснат за 2,3 проценти, а на странски за 9 проценти, рече Ѓорѓиев.

Тој посочи дека е научно докажано оти порастот на странски туристи знaчи и пораст на нето приливот на девизи, зголемување на даночните примања кои се обезбедуваат во однос на туристичка дејност и во однос на ефектот на мултипликација, а со привлекување на поголем број на туристи, рече, цениме дека дополнително ќе се зголемат овие ефекти.

- Анализите покажуваат дека со новите износи за субвенционирање значително ќе се зголемат можностите за привлекување на  што поголем број туристи од овие земји за престој во Република Македонија, рече Ѓорѓиев, нагласувајќи дека веќе се започнати првични контакти со туристичките организации  од овие земји, но и со домашните туристички агенции.

Нагласи дека наскоро измените во висината на субвенционирање ќе стапат во сила.

- И двете решенија се добар повод домашните туристички компании уште од сега да стапат во сериозни контакти и договарање со нивните пандани од овие девет земји се со цел да се воспостават аранжмани кои ќе обезбедат значителен прилив на странски туристи во земјава во 2015 година, рече Ѓорѓиев.

Во изминатите пет години Македонија има континуиран раст на туризмот и на годишно ниво просечно над 130 милиони долари се влеваат во земјава како девизен прилив по основ на туристичка дејност.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...