Ројал Голд вложува 175 милиони евра во Иловица

Скопје, 21 октомври 2014 (МИА) - Канадската компанија Еуромакс обезбеди 175 милиони долари за дополнително финансирање на следните фаза на развој и изградба на рудникот за бакар и злато Иловица во Република Македонија. Договор за откуп на произведено злато склучи со RGLD Gold AG, подружница во целосна сопственост на американската компанија Ројал Голд.

Исплатата на средствата, според договорот, ќе се реализира во три транши и тоа, првата транша во износ од 7.5 милиони американски долари ќе биде исплатена во период од 90 дена од денот  на потпишување, втората транша од 7.5 милиони долари една година од денот на потпишување и третата транша од 160 милиони долари, ќе се реализира до капитализирање на проектот.

Првите две транши ќе се искористат за продолжување на развојот на проектот, односно за неоппходните дозволи и завршување на дефинитивната физибилити студија („DFS“) и инженерски дизајн („FEED“) планирани за 2016 година. Третата транша треба да се користи за финансирање на сите капитални расходи на проектот, пропорционално со други извори на финансирање.

Според договорот, Еуромакс ќе испорача физичко злато во износ еднаков на 25 отсто од златото за исплата произведено од проектот додека да се испорачаат 525.000 унци на Ројал Голд  и 12,5 отсто до крајот на животниот век на рудникот. Ројал Голд ќе го купува испорачаното злато во готово во вредност од 25 отсто од фиксната пазарна цена на златото на London Bullion Market Association на денот на испорака за секоја испорачана унца и ќе се примени платниот биланс како одбиток од авансот од 175 милиони долари. Нема да се пресметува камата на авансното плаќање.

- Задолжувањето со 175 милиони долари соопштено денеска е многу подалекусежно од едноставно регулирање на потребите за финансирање на Фаза 1 и ни овозможува да се држиме до програмите DFS и FEED за испорака во 2016 година. Во согласност со нашата стратегија за финансирање, успеавме да ја мултиплицираме вредноста на основните средства на Иловица и со тоа да го минимизираме распрскувањето на вредноста на акционерите. Важно е дека стримингот претставува само 14 отсто од нашето производство на злато и ќе задоволи 31 отсто од нашите очекувани капитални расходи за изградба и понатамошно ќе го подобри внатрешниот поврат на средства на Проектот, рече Варшан Гокол, главниот финансиски директор на Еуромакс.

Исплатата на средствата од втората и третата транша ќе биде реализирана доколку Ројал Голд  е задоволен со напредокот и крајните резултати на DFS и оцената на влијанието врз животната средина и социјалните услови и резултатите во тој момент, како и од позицијата на проектот во однос на релевантните дозволи и пристапот на Еуромакс до доволно финансиски средства за да се заврши DFS и да се обезбедат сите неопходни одобренија за развој и на сите трошоци за градба. 

- Ние веруваме дека нивната вклученост, која следи по опсежната техничка, еколошка и правна длабинска анализа, е силна поддршка за проектот Иловица, рече Стив Шарп, претседателот и главен извршен директор на Еуромакс

Во предфизибилити студијата за локалитетот Иловица и Штука се утврдени 237 милиони тони ресурси и резерви од 225 милиони тони руда во кои, според преценките, има присуство на 70 тони злато и 410 илјади тони бакар. Од овие количини истражувањата потврдуваат искористување од 86,5 отсто за златото и 84 отсто за бакарот. Според податоците, површинскиот коп кај Иловица и Штука се предвидува да има експлоатација од 10 милиони тони годишно. Просечното годишно производство ќе биде 95 илјади унци злато и 16 илјади тони бакар. Според количините што ги поседува, рудникот се предвидува да работи околу 23 години.

Еуромакс поседува две концесии и тоа, концесија за експлоатација која опфаќа простор од 1,68 километри квадратни и концесија за детални геолошки истражувања на друга соседна локација која се простира на 3,27 километри квадратни. Рудникот за бакар и злато треба да започне со работа во 2017 година, а вкупните инвестиции за реализација на оваа грин-филд инвестиција се 500 милиони долари.

Еуромакс е канадска компанија за истражување и развој на рудници која поседува рудници за злато и основни метали во Македонија и Србија и компанија за услуги за истражување во Бугарија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...