Селските водоводи во Струшко задолжително да се хлорираат

Струга, 22 октомври 2014 (МИА) - Водата во струшкото село Лабуништа која во изминатите два месеца покажуваше променлив квалитет, според последните физичко-хемиски и микробиолошки анализи што ги изврши Регионалниот центар за јавно здравје со седиште во Охрид е исправна за пиење. 

Последните мостри беа земени на 15-ти овој месец и според анализите на стручните служби, водата од селскиот водовод не содржи бактерии.  

- Анализите во август и септември покажаа дека водата од водоводот во Лабуништа е микробиолошки и хемиски неисправна како резултат на тоа што не се хлорира односно не се врши дезинфекција. Таму беа најдени повеќе бактерии како што ентерокок и ешерихија коли, поради што населението беше информирано за да не ја конзумира водата, а беше известен и инспекторатот, вели Сашо Точков, специјалист по санитарна хемија и броматологија во Регионалниот центар за јавно здравје. 

Хлорирањето, појаснува Точков, е најголем проблем во 70 проценти од селата во Струшкиот регион кои имаат сопствени водоводи. 

- Водата мора да се хлорира за да не дојде до нејзино загадување. Тоа најчесто не се презема во руралните средини заради немање соодветни капацитети или пак заради недостиг на финансии, додава Точков. 

Состојбата со квалитетот на водата во Лабуништа, како и во останатите села ќе се следи и натаму. Водата ќе се испитува еднаш во текот на месецот, но според Точков, доколку жителите побараат почести анализи, можат да ги повикаат стручните служби на Центарот. 

Теренската работа на Центарот за јавно здравје во текот на август и септември покажа дека водата за пиење во Лабуништа е хемиски и микробиолошки неисправна за пиење поради присуство на повеќе видови бактерии како што се „енетрокок“ и „ешерихија коли“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...