Не запира криволовот на Охридското Езеро

Охрид, 22 октомври 2014 (МИА) – Државјанин на Република Албанија е приведен и против него е поднесена кривична пријава поради незаконит риболов во македонските територијални води на Охридското Езеро.

Според полициското соопштение, на 3 октомври околу 9 часот заедничка патрола на полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ со полициски службеник од албанската езерска полиција го забележала  47-годишниот А.З. од Поградец како лови риба во македонските територијални води кај селото Трпејца.

По консултација со јавен обвинител А.З. е приведен во полициска станица, при што се запленети четири парчиња охридска пастрмка со тежина од 2,5 килограми, 20 пластични шишиња со по шест блинкери и друга рибарска опрема, метален чамец, вонбродски мотор марка „Џонсон“, пластична канта за бензин, клешти и друга опрема.

Неодамна полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ на околу 20 метра од брегот наспроти угостителски објект на кеј „Македонија“ затекна малолетник кој со подводна пушка врши незаконит риболов.

Во неколку акциски контрола во ноќните часови, полициските службеници кај малата плажа-вила ,,Билјана“ пронашле и заплениле рибарска мрежа со должина од околу 50 метри и димензии на окца 60x60мм со улов од осумнаесет парчиња риба - десет парчиња охридски крап со вкупна тежина од 9,5 килограми и осум парчиња клен со вкупна тежина од осум килограми. Во слична акција, полициската станица за граничен надзор пронашла и одзела 20 рибарски мрежи со вкупна должина над илјада метри, релиси 30 килограми парчиња разновидна риба и повеќе примероци риболовен алат и прибор.

Притоа согласно Законот за рибарство и аквакултура, против неколку лица поднесени се прекршочни пријави.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...