Иванов прими делегација од Бордот на директори од ЕБОР

Скопје, 22 октомври 2014 (МИА) - Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска прими делегација од Бордот на Директори на Европската банка за обнова и развој.

На средбата, како што соопшти Кабинетот на претседателот Иванов, станало збор за соработката помеѓу Република Македонија и Европската банка за обнова и развој, која датира од 1993 година и се оценува за исклучително успешна.

- Претседателот Иванов искажа благодарност за улогата и ангажманот на ЕБОР како еден од најголемите поддржувачи на развојот на Република Македонија, преку реализација на повеќе проекти, а како посебно значајни ги нагласи проектите од областа на патната инфраструктура, транспортот и енергетиката, се вели во денешното соопштение. 

Соговорниците размениле мислења и информации за состојбите во поширокиот регион. Во тој контекст делегацијата од ЕБОР искажала благодарност и ја нагласила улогата на Република Македонија и ангажманот на претседателот Иванов на регионален план, и ги поздравиле напорите за конкретизирање на проектите кои ќе овозможат инфраструктурно поврзување на целиот регион на Југоисточна Европа.

На средбата делегацијата од ЕБОР ја реафирмирала подготвеноста за натамошна поддршка на развојот на Република Македонија во согласност со нашите потреби. Особено внимание било ставено на големите инфраструктурни проекти, како што се Коридорите 8 и 10, како и на енергетските проекти.

Соговорниците заклучиле дека соработката помеѓу Република Македонија и Европската банка за обнова и развој има основи да се продлабочи и интензивира во наредниот период, во насока на зајакнување на економскиот развој на државата.

На интересирање на членовите на Бордот на директори од ЕБОР, претседателот Иванов ги информирал за актуелните економски состојби во Република Македонија, за регионалната соработка, како и за стратешките цели на земјата, односно за актуелностите на планот на евроатлантските интеграции.

Во тој контекст,  македонскиот претседател ги запознал соговорниците со процесот за надминување на разликата околу името со нашиот јужен сосед, што, како што нагласил, претставува единствена пречка за продолжување на интегративните процеси, нагласувајќи дека блокадите не не обесхрабруваат сами да ги продолжиме реформите, да ги достигнуваме европските вредности и критериуми, и да постигнуваме економски резултати.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...