Штрајк на вработените во „Еурокомпозит“

Прилеп, 22 октомври 2014 (МИА) - Од денеска вработените во прилепската наменска фабрика „Еурокомпозит“ стапија во штрајк барајќи да им се исплати септемвриската плата и да се направи динамика на исплата на заостанатите плати и придонеси.
 
Според Трајче Стојаноски, претседател на основната синдикална организација работен ангажман имаат, но плата не добиваат.
 
- Денеска донесовме одлука да стапиме во штрајк. Бараме веднаш да ни се исплати септемвриската плата, да се направи динамика на исплата на две редовни и две заостанати плати заклучно со 25 декември оваа година, вели Стојаноски.
 
Вработените имаат 9 заостанати плати и бараат да им се исплатат и придонесите неисплатани од јуни 2012 година.
 
Според Стојаноски, од раководството на наменската фабрика „Еурокомпозит“, каде се вработени близу 300 работници, имало најави до петок да се исплати септемвриската плата, но тие чекаат потврда на тоа.
 
Наменската фабрика „Еурокомпозит“ е еден од загубарите и целосно е во државна сопственост. Досега имаше повеќе тендери за продажба на фавриката. Оттаму потврдуваат дека имаат работа и договорени испораки на производи.
 
- Има работа, но нема исплата на плати. Сакаме да ни се плати трудот, вели Стојаноски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...