Прв саем за „Купи куќа, купи стан“

Скопје, 24 октомври 2014 (МИА) - Првиот саем посветен на проектот „Купи куќа, купи стан“ ќе  почне денеска во Скопје сити мол. Граѓаните на едно место ќе можат да ги добијат сите потребни информации и да ги остварат сите контакти за проектот кој, како што наведуваат од Министерството за финансии, дава и до 14.000 евра неповратни средства за купување нов дом.

Министерството за финансии, банките и градежните компании ќе ги запознаат граѓаните со условите на „Купи куќа, купи стан“ и понудата на станови и куќи на пазарот на недвижности. Граѓаните ќе можат да се консултираат со луѓето од Министерството за финансии лично и да се посоветуваат кој модел од проектот најмногу им одговора и кои чекори треба да ги преземат за да аплицираат. Посебни поволности и попусти корисниците на проектот ќе добијат од компании за мебел, бела техника и осигурување, кои сакаа да дадат поддршка на иницијативата.


Саемот ќе трае до 28-ми овој месец. 

Проектот беше промовиран во јануари 2012 година. Досега 331 семејство го решиле станбеното прашање преку овој проект. Граѓаните повеќе се решаваат за купување стан, односно од овие 331 семејство меѓу 270 и 280 се одлучиле за стан.

Проектот продолжува и наредната година. На граѓаните им се нудат два модела - половина рата за купување стан и 75 проценти за изградба на куќа. И вториот модел е учество.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...