Deutsche Welle

Лоши сигнали за оптимистичките прогнози за македонското стопанство

Македонската економија нема да остане имуна на влошениот амбиент во ЕУ. Знаците за рецесија на германското стопанство и сигналите за влошување на перформансите на водечките економии во Европа се реална закана.

Последиците барем засега не се чувствуваат, но тоа не треба да биде повод за опуштеност, коментираат и бизнисмените и експертите.

„Тоа што во моментов се случува во Германија и во останатите земји во ЕУ не очекувам дека ќе има значајно влијание до крајот на годинава, со оглед на веќе договорените нарачки што ги имаат склучено компаниите. Но генерално може да се одрази при потпишување на договорите за наредната година и евентуално тука може да има одредени проблеми. Меѓутоа нашиот раст не се базира генерално на извозот, туку пред се‘ на зголеменото ниво на инвестиции во државата. Така што конкретно не очекувам драматично влошување, но сепак оптимистичките предвидувања за зголемен раст, повисок од оној што сега го имаме сега, се реално неостварливи. Кризата може да се одрази на побарувачката од Македонија, треба внимателно да се следи состојбата од аспект на договорите што допрва ќе треба да се склучуваат. Можеби и да има обратен ефект, но останува да видиме. Како и да е, оптимистичките сценарија за раст се неосновани и нема да има изненадувања. Ќе биде добро ако на среден рок останеме во сегашната зона на раст“, коментира за Дојче веле Антони Пешев, претседател на Стопанската комора на Македонија.

Владата веќе ги зголеми проекциите за растот годинава на 3,5%, односно 4% колку што се предвидува со буџетот за догодина. Прогнозите се поптимистички од оние на ММФ и Светската банка, кои и онака веќе ја позиционираа Македонија на врвот во регионот во делот на растот. Дел од експертите реагираат дека владата никако не ја напушта политиката на прогнози за раст повисоки од оние на меѓународните финансиски институции и покрај постојаните промашувања на крајот на речиси секоја буџетска година:

„Овие промашувања имаат чисто политичка цел, односно најпрво манипулација на јавноста за политички цели, но и со цел постојано владата врз основа на вака надуените прогнози да предлага поголем буџет во кој приходите се надуени врз основа на нереалната стапка на раст на економијата. Притоа, најголемата небулоза е и кога и ваквите неостварливи стапки се споредуваат со стапките на раст од земјите во Европа. Македонија стартува како најниско развиена земја во Европа, при што секој процентен поен на раст за Македонија не соодевствува со растот на земјите во ЕУ кои имаат повеќекратно поголем БДП по глава на жител. И, посебно станува нереално како тоа за 2015 владата планира раст кој пред се‘ ќе се темели на извозот, кога Германија како најголем увозник од Македонија предвидува рецесиони движења. Покрај тоа, ако Германија како локомотива на растот и во цела Европа забележи помал раст или рецесија, тоа значи дека и останатите економии во ЕУ нема да можат да ја компензираат нејзината намалена побарувачка. Другиот фактор на раст, односно зголемата приватна потрошувачка исто така е нестабилен фактор. Зголемените плати во администрацијата нема да можат да ги компензираат поголемите фискални и парафискални зафаќања кои веќе се применуваат или кои се планираат за идната година (хонорари со придонеси, лиценцирање на индивидуални дејности, нови казни, глоби и сл.). Како и да е, меѓународните институции ги прифаќаат податоците од органите на секоја суверена држава, и секако како и во предходните години и тие и домашната јавност ќе бидат сведоци на нови поголеми или помали отстапувања од прогнозите“, предупредува универзитетскиот професор Кире Наумов.

И покрај присутната неизвесност, дел од експертите сугерираат дека случувањата во еврозоната не би требало да влијаат врз домашната економија, барем на среден рок. Фактот дека очекувањата за растот на македонската економија се базирани главно на засилениот инвестициски циклус во делот на инфраструктурата влеваат оптимизам:



„Во услови на неизвесност и непредвидливост околу натамошниот развој на ситуацијата во еврозоната како главен трговски партнер на Македонија, се разбира дека е потребна и внимателност и резервно сценарио. Факт е дека се‘ уште се чувствуваат позитивните ефекти од инвестицискиот циклус уште од 2013 година, но и зголемениот обем на индустриско производство и извоз, што секако дека се позитивни сигнали. Активности на терен околу реализацијата на трите автопатски делници во земјата сигнализираат дека градежништвото ќе продолжи да биде главен двигател на растот, паралелно со домашната потрошувачка поттикната од зголемувањето на платите и пензиите. Дополнително и 500-те милиони евра од еврообврзницата кои ги засилија државните резерви можат да бидат дополнителна заштита од евентуална нестабилност во делот на макроекономските движења и поддршка на крупните проекти“, смета универзитетскиот професор Томе Неновски.

На евентуални негативни последици од забавувањето на европската економија главно како последица на кризата со Украина предупреди и Народната банка на Македонија. Монетарната власт и натаму стои на проекцијата за раст на економијата од 3,7% до крајот на годината, но предупредува и на постоечките ризици кои внимателно ќе ги следи и соодветно на тоа ќе ја приспособува монетарната политика. Европската унија е исклучително важен трговски партнер за Македонија. Речиси 90% од домашниот извоз е наменет за европскиот пазар од кој повеќе од една третина за Германија, која важи за „диригент“ на побарувачката.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...