Тајна средба на менаџери на четири водечки германски компании со Медведев

Берлин/Москва, 24 октомври 2014 (МИА) - Западот веќе со месеци се обидува со строги економски санкции да ја принуди Русија да го смени курсот во однос на кризата во Украина, но и покрај тоа, голем број водечки менаџери на странски компании, меѓу кои и голем број германски фирми, и натаму продолжуваат да оддржуваат тесни врски со Москва, пишува германскиот весник „Билд“.

Весникот дознава дека на почетокот на оваа недела се оддржала средба на врвот на „Консултативниот совет за странски инвестиции“ на рускиот премиер Дмитриј Медведев. 

На тајната средба во резиденцијата на премиерот на улицата „Горки“ број 9 во московското предградие „Рубљовка“, учествувале шефовите на четири водечки германски концерни, Олаф Кох од „Метро“, Мареин Декерс од „Баер“, Курт Бок од БАСФ и Јоханес Тајсен од Е.ОН, посочува „Билд“.

Нивните компании се дел од 51 светски концерни, чии совети се особено ценети од Кремљ и кои од 1994 година руското раководство редовно ги кани на средби. Во овој тесен круг влегуваат уште и шефовите на големите гиганти БП, „Кока-Кола“, „Форд“ и „Нестле“, забележува „Билд“.

На средбите е дозволено присуството само на директорите на компаниите, а не и на нивните помошници и особено не на претставници на печатот.

Според весникот, водечка тема на последната средба била можноста странските компании да инвестираат и да делуваат во Русија и во иднина и покрај актуелните санкции.

Сите поосчени учесници на средбата одбиле да дадат коментар за весникот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...