Грчката Влада предложи пакет даночни олеснувања

Атина, 24 октомбри 2014 (МИА) - Грчката коалициска Влада предложи пакет даночни олеснувања како дел од напорите да ги убеди Грците дека се приближува крајот на четиригодишното штедење, намалување на трошоците и економските тешкотии.

Премиерот Андонис Самарас, чија конзервативна партија Нова демократија заостанува со популарноста зад опозициската коалиција на радикалната левица Сириза, нуди намалување за 30 проценти на таканаречениот солидарен данок, како што се нарекува оданочувањето на секој приход над 12.000 евра годишно.

Вонредното оданочување, воведено во екот на должничката криза, требаше да заврши во 2014 година, но сега е продолжено до крајот на 2015 година.

Освен тоа до крајот на 2015 година на сила е и 13 отсто ДДВ за храна.
Исто така се воведува и нова шема за собирање милијарди евра неплатени даноци и такси за домаќинствата, како и за придонеси кон државните пензиски фондови. Според Министерството за финансии, приоритет за новата година е расчистување на обврските во приватниот сектор и постепено олеснување на даночните обврзници.

Според предложениот план, пропуштени рати во вкупна вредност до 15.000 евра ќе може да бидат платени на 100 рати. Казните и каматите на задоцнети рати ќе се избришат, а над оваа сума ќе може да се плаќа до 72 рати.

Големите должници, со над еден милион евра пропуштени рати, ќе можат да искористат до две одложувања на плаќањето во текот на една година. Но потоа дополнителната шема за нив нема да важи и неодложно ќе мора да ги подмират обврските.

Се намалува и каматата за задоцнето плаќање, од 8,7 на 4,56 проценти.
Неплатените придонеси кон државните фондови достигнаа 9,7 милијарди евра за првите девет месеци од годината, додека вкупната сума е веќе околу 90 милијарди евра. Се смета дека голем дел од вкупната сума никогаш нема да биде наплатена.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...