За неколку месеци вработени 4.300 млади на возраст до 29 години

Битола, 24 октомври 2014 (МИА) - Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и постојаниот претставник на Обединетите Нации во Република Македонија Луиза Винтон, денеска во Ректоратот на Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола отворија студентски „Инфо-Клуб“.

- Преку овие инфо-клубови сакаме да ја покажеме важноста информацијата за соодветно вработување и слободните работни места во Република Македонија. Студентите побрзо и полесно да дојдат до сите релевантни информации битни за нивното следно вработување и почеток на кариерата. Во оваа прилика сакам да ги нагласам ефектите од мерката за ослободување од плаќање придонеси за период од 12 месеци за приватните компании кои ќе вработат млад човек до 29 години и притоа за неколку месеци се вработија 4.300 млади луѓе, кои токму на овој начин побрзо стигнаа до работа. Оваа владина поволност ќе се применува до месец март 2016 година и очекуваме максимална искористеност од страна на приватните компании, нагласи Спасов.

Инфо-клубот во Битола е четврт по ред. Претходно веќе се отворени вакви центри во Штип, Скопје и Тетово, во рамките на тамошните универзитетски комплекси.

Промоцијата на студентскиот инфо-клуб се совпадна со манифестациите кои постојаната канцелартија на ОН во Република Македонија ги организира по повод 24 Октомври Денот на Обединетите Нации.

- Еден од најголемите предизвици на младите во Република Македонија е наоѓањето работа и затоа  основната цел на овој инфо-клуб ќе биде да го намали јазот меѓу наоѓањето работа и периодот по завршувањето на високото образование. Младите во овој клуб ќе можат да ги добијат сите информации за нови вработувања, контакти со бизнисмени и други информации, истакна Винтон.

Според  градоначалникот Владимир Талески овој најнов проект е во функција на побрзи нови вработувања за што соодветен придонес дава и локалната самоуправа.

- Со долготрајната транзиција и лошо спроведената приватизација регистриравме голема невработеност во Република Македонија. Во соработка со Владата, ние како општина преземаме голем број на активности и имаме многу добри резултати на овој план, иако е потребно уште да се работи. Со нашата стратегија за млади што ја практикуваме во општина Битола, како и со формирањето на младински совети ќе овозможиме начин работодавачите да ги пронајдат своите кадри меѓу младите луѓе, и обратно, младите луѓе со свето знаење да се пронајдат на пазарот на трудот, рече меѓудругото Талески.

Студентскиот Инфо-клуб при Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола ќе овозможи брзо информирање за сите актуелни, но и студентите кои ќе дипломираат за брзо пронаоѓање на работа, потврди проректорката Јованка Тутеска, на свеченоста во овој град.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...