Одложен штрајкот на ЧСА

Прага, 24 октомври 2014 (МИА) - Најавениот штрајк на персоналот на чешкиот авиопревозник ЧСА, нема да се одржи на 30 октомври поради компромис на Синдикатот и раководството на компанијата, јави дописникот на МИА од Прага. 

Раководството на ЧСА, кое од вчера во рамки на реструктуирање на фирмата започна со делење откази, се согласи да го намали бројот на вработени кои ќе ги отпушти и на кои ќе им ги намали платите, доколку ресорниот Синдикат го отповика најавениот штрајк. 

- Постигнатото решение не значи победа ниту пораз, за ниту една од страните. Задоволен сум дека преовладуваа фактите, компромисот и одговорноста на компанијата над емоциите, изјави претседателот на Сојузот на синдикати за транспорт, Лукаш Помајбик. 

Штрајкот беше закажан поради најавените откази на 77 пилоти, 66 вработени во администрацијата и над 170 членови на екипажот.

ЧСА, минатата година ја заврши со загуба од 34,1 милиони евра и компанијата каде мнозински сопственички удел има државата, за рестрикциите доби поддршка и од малцинскиот сопственик Кореа еар. 

Во моментот, ЧСА има вработено 230 пилоти, 400 членови на останатиот екипаж и речиси 270 административци.  Во 2010, оваа компанија имаше над 2.000 вработени.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...