Намалување на платите и пензиите над 25.000 динари

Белград, 27 октомври 2014 (МИА) - По 12 часа дебати, српскиот парламент изгласа ребаланс на буџетот и придружни закони со кои е предвидено намалување на платите во државниот сектор и на пензиите над 25.000 динари (1 евро = 119 динари), објавуваат денеска српските печатени медиуми.

„За“ гласаа 188 пратеници додека „против“ беа - 10. Намалувањето на платите и пензиите влегува во сила од 1 ноември.

Министерот за финансии Душан Вујовиќ изјави за време на дебатата дека Србија не е под закана од банкрот или неликвидност и нагласи дека ребалансот на буџетот има за цел да се постават основите на реформите.

Премиерот Александар Вучиќ наведе дека Србија има макроекономска стабилност, а владата презела мерки за фискална консолидација заради подобра иднина бидејќи државата би банкротирала до почетокот на 2017 година.

Претседателот на парламентарната група на опозициската Демократска партија Борислав Стефановиќ предупреди дека одлуката за намалување на пензиите е спротивна на Уставот и поради тоа властите ќе треба да им враќаат на пензионерите на ист начин како што тоа беше направено во 2001 година кога на власт беше Слободан Милошевиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...