Една четвртина од британските деца живеат во сиромаштија

Лондон, 30 октомври 2014 (МИА) - Една четвртина од децата во Велика Британија,живеат во услови на „релативна сиромаштија“, покажуваат најновите статистички податоци.

Причина за ваквата состојба се острите мерки на штедење и на намалување на разните социјални фондови, по банкарско-финансиската криза, од есента 2008 година, како и рецесијата што ја зафати британската економија.

Според податоците со кои располага Уницеф, во изминатите четири години, сиромаштијата во Велика Британија, во која живеат децата е зголемена за 1,6 отсто и сега изнесува 25,6 отсто.

При определувањето на овој процент е користен просечниот годишен приход во 2008 година, што во Британија изнесувал 202 фунти неделно, за еден родител во семејство со две деца, под 14 години и 288 фунти, за брачна двојка со две деца на оваа возраст.

Директорот на Уницеф за Велика Британија, Дејвид Бул, изјави дека постои потреба да се преразгледаат состојбите со оданочувањето и даночната политика, социјалните бенефиции, социјалните давачки и минималната плата.

- Вкупната состојба во сите овие области доведува до ситуацијата во која детската сиромаштија во земјата, постојано се влошува, рече Бул.

Британското Министерство за труд, социјала и пензии ги отфрли податоците на Уницеф, објаснувајќи дека е „погрешен начинот“ на кој е правена проценката. Податоците на британското биро за статистика покажува дека помалку од 300 илјади деца се во категоријата на оние кои живеат во сиромаштија, што е под процентот на кој инсистира Уницеф.

Оваа организација на ОН ја рангира Велика Британија на 16 место меѓу земјите со најлоша детска сиромаштија. Во таа група,првите места ги имаат Грција и Летонија, но во ова друштво се и САД, Израел, Шпанија, Италија и најбогатата европска земја, Луксембург.

Во Ирска, Грција, Хрватска, Летонија и Исланд, стапката на сиромаштијата кај децата од 2008 година, е зголемена за 50 отсто. Најголем пораст бележат Ирска и Грција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...