Српската Влада ќе отпушта вработени во јавниот сектор

Белград, 31 октомври 2014 (МИА) - Српската Влада прави план за рационализација на бројот на вработени во јавниот сектор, со кој би се почнало од 2015 година, пренесува „Блиц“.

Пред се, како што наведува весникот, се смета дека од вкупно 25.000 луѓе кои, според предлог на ММФ, треба да останат без работа во јавниот сектор од 2015 година, барање за пензионирање до Нова година ќе поднесат околу 19.500.

Државата така практично ќе биде принудена да врачи уште 5.500 откази, вообичаен „природен одлив“ од јавниот сектор е околу 10.000 луѓе годишно, а нив обично веднаш ги заменуваат нови вработени, што сега, со оглед на важечките мерки на забраната на нови вработувања, нема да може да биде спроведено.

Во делови на јавниот сектор каде има непродуктивни работни места и класичен вишок вработени, ќе има повеќе отпуштања, а јасно е дека ќе се оди и на нови вработувања таму каде тоа ќе се покаже рационално, пишува „Блиц“.

Во буџетот за наредната година, како што дознава „Блиц“, ќе се најде и одреден износ потребен за отпремнина на вишок вработени.

Според рамковни проценки, заминувањето на секој вработен државата може да ја чини и до 5.000 евра.

Во сето тоа, важна улога ќе има и конечното формирање на прецизниот Централен регистар на вработени во јавниот сектор.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...