Околу 50 илјади компании оствариле промет од над 900 милиони денари

Скопје, 31 октомври 2014 (МИА) - Промет од 963.846 милиони денари и додадена вредност од 207.724 милиони денари оствариле минатата година 53.793 компании. Во тие компании биле вработени 335.677 лица.

Според податоците на Државниот завод за статистика, најголем број од претпријатијата се од секторот Трговија на големо и на мало со 27 проценти од вкупниот број на вработени и реализирани 44,2 проценти од вкупниот промет. Како втор по значење е секторот Преработувачка индустрија кој учествува со 30,7 проценти од вработените и 23,7 проценти од вкупниот промет. 

Во вкупната додадена вредност, пресметана според фактор на трошок најголемо учество имаат претпријатијата од секторот Преработувачка индустрија (24.6%) и секторот Трговија на големо и на мало (23.5%). 

Во однос на големината преовладуваат микропретпријатијата со помалку од 10 вработени каде биле ангажирани 34,1 процент од вкупно вработените. Од друга страна, во големите претпријатија биле ангажирани 21.9 отсто од вкупниот број на вработени со остварени 33,6 проценти од вкупната додадена вредност во рамки на деловниот сектор.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...