Работниците стравуваат од ропство, според лидерот на Независните синдикати во Србија

Белград, 31 октомври 2014 (МИА) - Лидерот на Независните синдикати во Србија, Југослав Ристиќ предупреди дека политиката на српската Влада ги води работниците во ропство, пишува белградскиот весник „Блиц“.

- Намалувањето на правата и платите на работниците во Србија, кои се најмали во регионот, како и изјавите на премиерот и тоа изречени со гордост, дека ќе се подобри бизнис климата со новите измени на Законот за труд, ги водат граѓаните на Србија кон уште поголемо понижување и се подготовка за нивното заробување од мултинационалните компании, рече Ристиќ. 

Синдикалниот лидер посочи дека падот на индустриското производство за 13 отсто, намалувањето на платите во државниот сеткор, намалувањето на пензиите, ограничувањето на правата на работниците, тивкото „гаснење“ на неприватизираните претпријатија  со незаконски приватизации и неселективното исполнување на барањата, кои доаѓаат однадвор се само некои од карактеристиките на ситуацијата во Србија.

Ристиќ истакна дека економијата не се развива со директни странски инвестиции, туку со функционална правна држава, казнување на одговорните за незаконската приватизација и одземање на незаконски стекнатиот имот, со подигнување на нивото на образование на населението и со намалување на даноците.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...