на Коридорот 10

За 1,5 година електронска наплата на патарини

Скопје, 13 ноември 2014 (МИА) – За година и половина наплатата на патарините долж Коридорот 10 треба да се одвива комплетно електронски преку бесконтактни смарт-картички и микробранови транспондери со кои возачите ќе можат да поминуваат со намалување на брзината на движење без застанување.

Инвестицијата од 18,7 милиони евра во модернизација и воведување електронски систем на наплата на патарините ќе ја реализира турската компанија „Аселсан“. Договорот го потпишаа денеска потпретседателот на „Аселсан“ Суад Бенгур и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Љупчо Георгиевски во присуство на вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

Со договорот е предвидена и реконструкција, проширување и модернизација на постоечките наплатни станици на Коридорот 10: Петровец, Сопот и Отовица, дислокација, модернизација и удвојување на наплатните ленти на станиците Романовце и Градско, како и изградба на две нови наплатни станици кај Демир Капија и Гевгелија. 

Вицепремиерот Ставрески истакна дека потпишувањето на договорот е  уште еден исчекор на Владата во насока на вложување во транспортната инфраструктура  и тоа токму на најзначајната транспортна артерија низ Македонија - Коридорот 10 низ кој минува 70 проценти од вкупната трговија на стоки  низ државава.

Токму поради значењето на овој Коридор, истакна, се реализира овој  проект со кој ќе се обезбеди современ и ефикасен начин на наплата на патарина и побрз транспорт. -  Значајно е што Романовце и Градско  кои сега претставуваат тесни грла, покрај тоа што ќе добијат современ начин на наплата, ќе бидат и проширени. Таму моментно има пет ленти, а одвреме навреме особено  за празници се создава долга колона. Со реализацијата на овој проект наместо пет ќе има десет ленти и на тој начин патниците и превозниците ќе минуваат многу побрзо, рече Ставрески.

Според министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески,  новиот начин на наплата  ќе биде многу поедноставен, ќе се избегне метежот во летниот период, но и ќе се зголемат приходите од наплатата што ќе бидат вложени во изградбата на  инфраструктурата.

И покрај тоа што ќе се воведе автоматизиран начин  на наплата со целосно исклучување на човечкиот фактор,  укажа, ниту еден вработен во Јавното претпријатие нема да остане без работа. Вработените воопшто нема да бидат вклучени во наплатата на патарините затоа што самиот систем не се базира на кеш. Смарт картичките ќе се полнат на наплатни пунктови во близина на патарините и сигурно дека ќе има вклучени лица во сервис, наведе Јанакиески.

Картичките за плаќање, во пост пејд и при пејд варијанта, во прво време ќе се купуваат на граничните премини, а во иднина  ќе бидат во дистрибутивната мрежа низ Македонија. Се планира и воведување можност за нивно полнење преку мобилен телефон.

Цената на патарините во Македонија не зависи од воведувањето на овој систем,  рече Јанакиески, истакнувајќи и дека со  модернизацијата и проширувањето двојно ќе се зголеми капацитетот на патарините секаде каде има тесни грла особено во летниот период. Поради планираната изградба на експресниот пат Градско-Прилеп следната година, ќе се дислоцираат наплатните станици  Романовце и Градско и тоа ќе бидат нови патарини.  Со изградбата пак на новиот автопат Демир Капија - Смоквица е планирана изградба на две нови патарини пред Гевгелија и кај Демир Капија, појасни Јанакиески.

Од Јавното претпријатие за државни патишта од изградбата, очекуваат новиот систем и патарини да овозможат брз проток на возила, односно времетраењето на поминување на наплатните станици  да биде сведено на минимум.  - Моментно наплатата е подобрена за 40 проценти, но важно е што ќе се избегне човечкиот фактор, а претпоставувам дека сигурно  има некакви пропусти од редот на нашите вработени и тоа  да се намали. Со комплетно исклучување на човечкиот фактор и средствата ќе бидат без можност за манипулација, рече Георгиевски.

Според  потпретседателот на фирмата „Асасан“, системот кој треба да го спроведат е веќе применето решение во пракса за автоматска  наплата на патарини и се користи повеќе од 15 години во услови на  густ сообраќај во Турција.

- Системот што  ќе се спроведе во Македонија е уште понапредна верзија на овој систем. „Асесан се надева дека проектот исто така ќе помогне за унапредување на и онака добрите односи помеѓу двете држави, рече Бургур.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...