Земјите од Г-20 се договорија да го зајакнат економскиот раст

Бризбејн, 16 ноември 2014 (МИА) - Лидерите на земјите од Г-20, кои учествуваа на дводневната средба во Бризбејн, се договорија за серија мерки, кои ќе дадат поттик на нивните економии со дополнителни 2,1 проценти во наредните пет години преку поттикнување инвестиции во инфраструктурата и трговијата.

Во завршната декларација се наведува дека ако иницијативата за два билиони долари биде до крај исполнета, светскиот БДП ќе се зголеми за 2,1 проценти над очекуваните нивоа до 2018 година и ќе бидат создадени милиони работни места.

Лидерите на најбогатите држави се договорија да работат заеднички, за да го ограничат затајувањето даноци и корупцијата, како и да ги зацврстат финансиските институции, за да избегнат повторување на светската финансиска криза од 2018 година.

Во нивните ангажмани беше вклучена и поддршја за „силни и ефикасни дејствија за справување со климатските промени“.

Во Бризбејн лидерите на САД и Европа имаа директни преговори со цел да биде постигнат што е можно поголем напредок за сеопфатен и амбициозен договор за Трансатланското и инвестициско партнерство.

Извршниот директор на ММФ Кристин Лагард, која учествуваше на самитот, ја определи 2014 како „најпродуктивна година за Г-20“.

Во 2016 година средбата на врвот на Г-20 ќе се одржи во Кина.

Г-20 вклучува 19 земји (Аргентина, Австралија, Бразил, Велика Британија, Германија, Индија, Индонезија, Италија, Канада, Кина, Мексико, Република Кореја, Русија, Саудиска Арабија, САД, Турција, Франција, Јужна Африка и Јапонија) и ЕУ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...