За два дена ќе се знае

Дали Македонија извезувала европски овошје и зеленчук во Русија

Скопје, 19 ноември 2014 (МИА) - Владата им наложи на институциите во наредните два дена да ги испитаат информациите за наводниот реекспорт на земјоделски производи од ЕУ  во Русија.

Како што соопшти денеска министерот за економија Беким Незири, во деталните анализи ќе бидат вклучени МВР, Царинската управа, Агенцијата за храна и земјоделство и Државниот инспекторат за земјоделство.

Ова, рече Незири, е договорено на вчерашната владина седница.

- Ќе направиме детално истражување и ако утврдиме дека постои такво нешто, ќе се преземат сите законски мерки за покренување кривични постапки против поединците или фирмите кои го направиле тоа, нагласи министерот.

Според него, од руска страна има само сомнеж дека Македонија извезува овошје и зеленчук од ЕУ во Русија, но тоа се уште не е докажано.

Загриженост од состојбата искажа и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков кој посочи дека во најкраток можен рок ќе се расчистат сомнежите.

- МЗШВ заедно со другите институции ќе направи анализа на состојбите и во најкраток можен рок ќе одговори на барањето на руската страна, изјави Цветков.

Одговарајќи на новинарско прашање, заменик амбасадорот на САД Бартон Путни порача дека земјите од регионот имаат огромен потенцијал за меѓусебна соработка и на тоа треба да се фокусираат.

Руската служба за ветеринарен и санитарен надзор побарала од македонските служби во рок од една недела да пратат материјали за системска проверка на извезените производи, како и заклучоци за автентичноста на фитосанитарните сертификати. Македонија треба да докаже дека овошјето и зеленчукот што ги извезува во Русија се македонски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...