Tрговијата на Албанија со Србија расте, независно од политиката

Тирана, 19 ноември 2014 (МИА) - Трговската размена меѓу Албанија и Србија во 2013 година достигнала 170 милиони долари, од само 30 милиони долари, колку што изнесувала во 2007 година, јави дописникот на МИА од Тирана.

- Независно од тоа што политичките односи, формално, биле заладени, во одредени периоди и замрзнати, трговската размена, се чини препознавала само раст, констатира весникот „Шќип“ повикувајќи се на податоци на албанскиот Институт за статистика.

Албанија од Србија увезува електрична енергија, прехранбени артикли, хемиски производи, градежни и метални производи, додека во Србија извезува главно зеленчук, потоа градежни и метални производи, како и електрична енергија, при исклучително поволна хидролошка состојба на каскадата на реката Дрим, која им ја продава на српски компании кои доминираат на енергетскиот пазар.

Освен енергија преку далноводот Белград-Подгорица-Албанија, друг многу значаен увоз што Албанија од Србија реализира е оној на отпад (старо железо) кој се топи во фабриката во Елбасан. Понатаму голем увоз се забележува кај групата прехранбени артикли, пијалаци и тутун.

Во 2007 година, Албанија од Србија увезла прехранбени артикли во вредност од 346 милиони лека (3,4 милиони долари), додека во 2013 година увозот достигнал вредност од 4,8 милијарди лека. Албанија од Србија обезбедува и големо количество жито. Лани увезено е српско жито во вредност од 2,9 милијарди лека или 81 илјада тони, што претставува една петина од вкупниот увоз на жито што годишно го прави Албанија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...