Македонско-француски бизнис форум

Скопје, 20 ноември 2014 (МИА) - Во организација на Стопанската комора на Македонија и Француската амбасада во Скопје денеска ќе се одржи трет Македонско-француски бизнис форум. 

Целта е да се унапреди економската соработка меѓу Македонија и Франција која не соодветствува на потенцијалот што го имаат двете економии. Вкупната размена во првите девет месеци од годинава изнесува 98 милиони американски долари со негативен биланс на македонска страна од 54,3 милиони долари, а француските инвестиции во Македонија во 2013 година изнесуваат 137,19 милиони долари.

Замислен е како вистински форум на кој ќе се разговара за унапредување на соработката и добра можност за размена на добрите практики меѓу компании од двете држави.

На форумот ќе присуствуваат над 20 македонски компании од медицинскиот сектор, текстилот, прехранбениот сектор и металната индустрија.

На форумот ќе присуствуваат претставници на компании кои имаат веќе инвестирано во Македонија, фирми кои работат за компании од Франција, како и дипломатот Жак Мер, кој деновиве ќе одржи обука за економска дипломатија. 

Форумот на тема „Размената на добри практики меѓу претпријатијата е клучен елемент за трговски развој меѓу Република Македонија и Република Франција“  е дел од активностите на Македонско-францускиот деловен клуб кој работи неколку години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...