Граѓаните на Крива Паланка ги избраа програмите за кои ќе се дискутира на Буџетскиот форум

Крива Паланка, 20 ноември 2014 (МИА) - На втората форумска сесија во Крива Паланка, која се одржа синоќа, граѓаните ја продолжија работата околу изготвувањето на општинскиот буџет за 2015 година, во рамките на спроведувањето на буџетскиот форум, кој е дел од програмата „Форуми во заедницата“.

На оваа сесија, од страна на раководителот на Одделението за финансиски прашања Татјана Ѓоргиевска, учесниците беа информирани за планираните и реализирани приходи до 30.09.2014 година, како и за планираните приходи на општина Крива Паланка за 2015 година. Истовремено, беше презентирана и листата на приоритети за развој на општината за наредната година, изготвена според предлозите на граѓаните, кои на општо задоволство можеа да заклучат дека најголем дел од нив можат да бидат прифатени и вклучени во општинскиот буџет.

Учесниците, предлагаа и нови и дополнителни извори за зголемување на приходите на општината, како што се воведување такси за паркирање, туристичка такса, донации од иселеници и други извори, зголемување на процентот од ДДВ наменет за општините и слично.

На втората форумска сесија детално беа претставени 9 буџетски програми, а според гласањето на работните маси, учесниците одлучија на следните сесии да расправаат и да дискутираат за пет од нив, односно за програмите за урбанистичко планирање, за уредување на градежно земјиште, за развој на локалната патна мрежа, за култура и за социјална заштита.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...