ЕУ ќе должи 30 милијарди евра на крајот на оваа година

Брисел, 20 ноември 2014 (МИА) - Европската унија ќе има пет милијарди долг за неплатени сметки на крајот на оваа година, што собрано со долговите од изминатите години ќе достигне долг од фантастични 30 милијарди евра.
 
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, неуспехот на Европскиот парламент и Европскиот совет да се договорат за буџетот на Унијата за 2015 година, отвори полемика за трошењето и искористувањето на средствата од страна на земјите-членки на ЕУ, што како резултат го даде долгот од 30 милијарди евра.
 
Токму натрупаноста со долгови на Унијата, придонесе да се вклучи аларм во Европарламентот и европратениците побараа тоа да престане. Тие сакаат да се средат долговите за оваа година, за потоа да го одобрат буџетот на ЕУ за идната година, иако останува уште нешто повеќе од еден месец за договор. Сепак, владите на земјите-членки на Европската унија неодмана не се договорија за решение и сега целио процес е блокиран.
 
За тоа како дојде до тоа Унијата да должи импресивна сума од 30 милијарди евра, европратеникот од Алијансата на европските либерал-демократи (АЛДЕ), Жерар Депре, вели дека е последица на два механизми.
 
- Во буџетот на Европската унија постојат две широки категории: обврските, односно сите проекти кои можат да бидат отворени, а потоа и да се платат, при што договорот меѓу ЕП и Советот, како по правило, доаѓа до заклучок дека износот на расходните обврски не може да бидат повисоки од плаќањата. Земјите-членки лесно велат“започнуваме голема програма во корист на ова или она”, но за одобрение на средства за плаќање, тие ја затвораат славинаа. И втор, до пред неколку години, новите земји-членки не успеваа да ги искористат сите кредитни линии што им беа на располагање, но по десет години во ЕУ сега тие ја познаваат механиката. Поради овие два механизми, сега секоја година постои недостаток на плаќање на резервираните средства - појаснува европратеникот Депре.
 
Недостигот на пари за плаќање на кредитните обврски ги загрозува европските обврски, па ако лани имаше стравувања за (не)доделување на грантовите од образовната “Еразмус”-програма, оваа година тоа е случај со вселенската политика на Унијата, односно немањето доволно средства за финансирање на подигнувачи на сателити “Галилео”, европската сателитска навигација (ГПС) или одредени истражувачки програми на Европската унија.
 
Според европратеникот Депре, доколку земјите-членки одбиваат да платат, а тоа е главен проблем, бидејќи тие знаат дека издвојувањето на средства за европската каса е чувствително прашање за домашната јавност, тогаш ЕУ-земјите придонесуваат повеќе во буџетот на ЕУ отколку што добиваат и тоа е проблем.
 
Инаку, доколку на крајот на оваа година, Европарламентот и Советот не го договорат буџетот на Еу за идната година, тогаш автоматски буџетот се дели на 12 еднакви делови (според 12-те месеци во годината) и на тој начин се финансира месец за месец, додека не се договори новиот годишен буџет.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...