Имаме идеална клима за влез на кинески инвестиции

Љубљана, 21 ноември 2014 (МИА) - Потпретседателот на словенечката Влада Дејан Жнидар ги повикал инвеститорите од Кина „храбро да вложуваат во Словенија“, во интерес на двете земји.

- Заедничката цел е да зајакне економската размена и да се стори се што е во наша моќ да ја направи разликата меѓу увозот и извозот што помала, изјави Жидар во Љубљана на средба со потпретседателот на кинеската Влада, Ванг Јанг.

Жнидар нагласил дека Словенија, како членка на ЕУ, е соодветна точка за влез на кинески капитал во Европа.

Политичките односи меѓу двете земји Жнидар и Ванг ги оцениле како многу добри, што, според нив, е добра основа за зајакнување на економската соработка.

Според словенечките податоци, стоковната размена меѓу Словенија и Кина е во пораст, при што увозот на кинеските производи е многу поголем од извозот на словенечки стоки во таа земја.

Со заменик-претседателот на кинеската Влада во досега најголемата делегација во Љубљана пристигнаа и 150 претприемачи, кои ќе учествуваат во заедничка бизнис конференција.

Покрај со Жнидар, кој воедно е и министер за земјоделство, шумарство и храна, Ванг Јанг се сретнал и со словенечкиот премиер Миро Церар, со претседателот Борут Пахор и со спикерот на Парламентот, Милан Брглез



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...