Глобалното затоплување може да ја зголеми сиромаштијата во светот

Вашингтон, 24 ноември 2014 (МИА) - Глобалното затоплување може значително да ја зголеми сиромаштијата во светот, намалувајќи ги земјоделските реколти и доведувајќи го во прашање прехранувањето на милиони луѓе, предупреди во својот извештај Светската банка.

- Без брзи и ефикасни дејствија затоплувањето на климата и неговите последици можат да ја зголемат сиромаштијата во повеќе региони во светот, се наведува во документот.

Ако меѓународната заедница не успее да ја постигне целта и да го ограничи глобалното затоплување до два степена Целзиусови во споредба со прединдустриската епоха, ќе настапат суша, горештини и зголемување на киселоста на океаните.

Доколку хипотетички температурите се зголемат за четири степени, екстремните климатски промени, кои досега во најлош случај се појавувале еднаш во период од еден век, би можеле да станат нова климатска норма, посочува Светската банка, додавајќи дека најголем ризик постои за регионите на Латинска Америка, Блискиот исток и Источна Европа.

При вакво „црно“ сценарио реколтите од соја можат да се намалат меѓу 30 и 70 отсто во Бразил, а пченицата да се намали за половина во Централна Америка и Тунис. Блискиот исток и Јужна Америка би можеле да бидат зафатени од огромни горештини.

- Последиците од климатските промени ќе бидат тешки - реколтите ќе се намалат, водните ресурси ќе имаат пад, нивоата на океаните ќе се зголемат, а животот на милиони луѓе ќе биде загрозен, се потенцира во извештајот на Светската банка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...