Антверпен парализиран од штрајк на пристанишните и транспортните работници

Брисел, 24 ноември 2014 (МИА) - Штрајк на пристанишните и транспортните работници денеска го парализира второто најголемо европско пристаниште Антверпен, а железничкиот сообраќај кон Брисел е значително отежнат, јавија белгиските медиуми.

Штрајкот е дел од планираната серија протести поради намерата на белгиската Влада од следната година да ја зголеми старосната граница за заминување во пензија од 65 на 67 години и олеснувањата дадени за работодавачите за отпуштање работници.

Синдикатите најавија дека слични акции ќе се организираат се додека владата не се откаже од најавените мерки, а за 15 декември е закажан генерален штрајк во цела Белгија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...