Јужен поток или политика: Kако да се затопли Европа?

Гласот на Русија - Москва

Јужен поток ќе ја зголеми енергетската безбедност на централна и источна Европа – заклучок е кој можеше да се слушне по средбата на министрите за надворешни работи на Русија и Унгарија. Како што изјави Сергеј Лавров, Москва и Будимпешта ги потврдија своите обврски во смисла на изградбата на гасоводот.



Шефот на Министерството за надворешни работи на Русија се надева дека во Европа ќе почнат да ја сфаќаат важноста на овој проект.

Украинската криза уште еднаш ја подвлече енергетската ранливост на Европа. Киев претходните години не беше лојален транзитер, а веќе по вооружениот преврат, сосема отворено почна да го уценува Брисел. Москва предлага најбрз и наједноставен излез: Јужен тек, за да се заобиколи Украина. Но, под притисок на САД и ветувањата на Вашингтон за тековите на гасот од шкрилци со кој ќе биде покриена Европа, европските службеници одат од крајност во крајност. На пример, ќе градат гасовод Јужен гасен коридор за испорака на азербејџански гас. Но, Азербејџан не може да испорача ни половина од тие обеми, кои ги испорачува Русија, смета заменик генералниот директор на Фондот на националната енергетска безбедност Алексеј Гривач:

Тој систем на гасовод се вика Транс-Анатолијски гасовод кој оди преку Турција кон границата со Грција. А вториот Транс-Јадрански гасовод. Нивните ресурси се 6 милијарди кубни метри за Турција и 10 милијарди кубни метри за Европа. Поради тоа ресурсната база е под знак прашалник. Мора да се покаже здрава смисла. Јужен тек не бара никакви инвестиции од страна на Европа и испораките на руски гас ги прави апсолутно безбедни.

За решавање на овој проблем, Брисел мора да одлучи што е важно за него, политиката или економијата. Сите досегашни решенија беа крајно политизирани. Тие кои се бават со донесување на одлуките, веќе одамна добиваат гас преку рускиот Северен тек – вели заменик директорот на Институтот за меѓународни односи РАН, Алексеј Кузњецов:

Внатре во ЕУ се борат два табора, еден е русофобски и има своја логика. Да се намали зависноста од Русија на било кој начин. И секако, според таа логија без оглед на било какви политички ризици или економски, да се градат алтернативни маршрути е во ред. Тие држави кои можат реално да останат без гас во случај на некои проблеми со Украина, постануваат порационални. Но, за жал, во ЕУ многу политичари популисти градат одредени митски шеми.

И надежта на Сергеј Лавров, дека економската целисходност ќе победи во европските умови, не е без основа, верува доцентот на катедрата на применета политикологија при финансискиот Универзитет на Владата на Русија, Евгенија Војко:

Значаен дел не само од европската елита, туку и од бизнис класата, вовлечени се во изградбата на овој проект. Тоа го гледаме не само на примерот на реализацијата на бугарскиот дел. На ниво на европските елити има желба ова прашање да се реши во самата Бугарија, што е можно побрзо. Постои одреден интерес, секако и во самата Италија, клучен партнер на Русија во овој проект.

Постои интерес и во Австрија, Грција, во Србија, т.е. кај тие држави кои на овој или на оној начин на оваа маршрута сметаат дека ќе добијат одредени дивиденди од транзитот на руски гас преку својата територија.

Без оглед на сите политички пречки, пред Европа стои решавање на гасното прашање. Да се чека некаква брза стабилизација во Украина не би требало: Киев нема пари за гас, а економски рај не се предвидува во некој догледен период. Германскиот министер за економија Зигмар Габриле ги повика функционерите да ги отстранат сите пречки за изградба на Јужен тек. Тоа е таа голема сила на природата: со првите мразеви, се јавија многу трезвени политичари во Европа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...