Македонија со најниски трошоци за бизнис во Европа

Скопје, 24 ноември 2014 (МИА) - Македонија има добар економски напредок, лани завршивме со трет најдобар раст на БДП во Европа, а во првата половина од годинава со втор раст на БДП од 4,1 отсто, истакна денеска премиерот Никола Груевски во обраќањето на Виенскиот економски форум.

Груевски се осврна на чекорите кои што Република Македонија ги презема на полето на економијата и резултатите од нив потенцирајќи го фокусот на макроекономската стабилност, капиталните инфраструктурни инвестиции и најниските трошоци за правење бизнис во Европа.

- Фокусирани сме на макроекономската стабилност, државниот долг е ниско умерен и изнесува околу 40 проценти. Фокусирани сме и кон капиталните инвестиции во инфраструктурата. Моментно градиме три автопати и пруга кон Бугарија и она што е значајно за инвеститорите, покрај ангажираната работна сила која Македонија ја поседува, е тоа што имаме најниски трошоци за правење на бизнис во Европа, изјави премиерот Груевски.

На Виенскиот економски форум, еден од најреномираните и најеминентни политичко-економски настани на европскиот континент, присуствуваат и претседателот на Република Австрија Хајнц Фишер, австрискиот премиер Вернер Фајман, албанскиот премиер Еди Рама, црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ, вицепремиерот на Бугарија Томислав Дончев, претседателот на Европската банка за обнова и разво, Сума Чакрабарти и поголем број значајни лица од други европски земји или мултилатерални организации.

Според Груевски, настаните како што е Виенскиот економски форум помагаат за креирање заеднички политики и проекти кои што ќе водат кон економско или политичко интегрирање на земјите од Југоисточна Европа во Европската Унија.

Неговиот албански колега Еди Рама, пак, ги истакна заложбите кои што ги имаат сите земји од Западниот Балкан за остварување економски реформи.

- Практично во секоја земја има строга посветеност и големи напори за реформи, и како резултат на реформите и промените и како резултат на владиниот пристап кон подобрување на бизнис климата Албанија направи значителен скок во рок од една година на листата на Дуинг Бизнис од 40 места, а историските податоци покажуваат дека и Македонија постигнува значаен напредок на листата на Дуинг Бизнис, истакна албанскиот премиер Рама.

На отворањето на Виенскиот економски форум австрискиот претседател Хајнц Фишер укажа на посветеноста на Република Австрија за овозможување поддршка за економската и политичката интеграција на регионот на Југоисточна Европа во ЕУ.

- Ние ја поддржуваме европската перспектива на сите земји од регионот на Југоисточна Европа, но не само политички туку поддржуваме и економски развој и проекти од инфраструктурата во регионот и тоа е исто така потребно за поголема интеграција и на политичко и на економско ниво, рече австрискиот претседател.

Заложбите кои ги преземаат земјите од Западен Балкан за напредок, според црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ, треба да бидат поддржани од страна на Европската Унија. - Важно е Европската Унија да креира една поширока инвестициска рамка од онаа која што е постоечка и која што ќе помогне да се развие интегративната иднина на Западниот Балкан во Европската Унија, истакна црногорскиот премиер Ѓукановиќ.

Во текот на денот, премиерот Груевски ќе учествува на состанокот на Централно - европската иницијатива каде што Република Македонија ќе го преземе претседавањето со иницијативата за 2015 година од досегашниот претседавач Република Австрија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...