Техничките бариери во рамки на ЦЕФТА демотивирачки за извозниците

Скопје, 24 ноември 2014 (МИА) - Меѓусебното непризнавање на ветеринарните, фитосанитарните и другите видови сертификати неопходни за размена на земјоделско-прехранбените производи и натаму е еден од клучните проблеми на земјите-членки на ЦЕФТА.

Како што беше речено денеска на прес-конференција во Стопанската комора, техничките, нетарифни бариери од ваков тип се повеќе ги демотивираат извозниците, а трговскиот биланс со години останува непроменет.

- И по толку години од постоењето на ЦЕФТА, откако се искристализираа проблемите и голем дел од нив се решија, овој остана и тлее цело време, дури веќе премина во навика. Се одолговлекува увозот/извозот, стоката стои на граница, некогаш ќе помине, некогаш не. Додека се утврди дали методата за анализа е добра, дали сертификатот ќе се признае или не, времето минува, рече Васко Ристовски од Комората, презентирајќи дел од заклучоците на работните групи преку ЦЕФТА-ДИХК проектот.

Цели три години, додаде, узвозот и извозот на земјоделските производи се на исто ниво.

- Извозниците се се подемотивирани особено во одредени гранки од секторот, извоз на масло за јадење, брашно, пекарски производи, минерална вода, млеко и млечни производи. Тука каде што сме силни во споредба со други земји, се и најголем дел од бариерите. За производи кои се дефицитарни за одредени пазари, пак, скоро и да немаме бариери, истакна Ристовски.

На работните ЦЕФТА состаноци одржани деновиве во Скопје, освен дека е неопходно да се надминат актуелните пречки, се констатира и потребата од создавање полесен проток на стоки и услуги за да се олесни бизнисот, како и платформа за што помалку документи и поголема либерализација.

Треба да се смени и структурата на трговијата во регионот, повеќе да бидат застапени производите со зголемена додадена вредност. Моментно доминираат земјоделските производи, суровините и полупроизводите.

- И овој пат пораката беше да се стави акцент на либерализацијата на услугите, границите да не не разделуваат, туку да не поврзуваат, да се обезбеди учество и натамошна активна соработка со државните институции. Регинот мора што побрзо да создаде заеднички пазар за инвестиции, за јавни набавки, енергетски пазар и транспортна заедница, посочи Јадранка Аризанковска, виш советник во Стопанската комора.

Закучокот е дека ЦЕФТА бележи напредок, но неопходно е интензивно да продолжи исполнувањето на обврските од Договорот зашто тие ќе го претворат регионот во заеднички економнски простор на либерализирана трговија, услуги и инвестиции што, пак, ќе биде евалузација на подготвеноста за ЕУ интеграција. Воедно ќе влијае и на зајакнувањето на конкуренцијата во регионот, како и на привлекувањето странски инвестиции.

Според статистиката, во првите девет месеци годинава трговската размена на Македонија со земјите од ЦЕФТА е намалена за 4,3 отсто, извозот бележи пад од 8,6 проценти, а увозот е пораснат за 19,7 отсто. Извозот е околу 460 милиони долари, додека увозот 510 милиони долари. Покриеноста на увозот со извоз е 68,2 процента, а трговскиот дефицит е 1,724 милиони долари.

ЦЕФТА е вториот најважен трговски партнер на Македонија по земјите членки на ЕУ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...