Јункер ќе го претстави планот за 300 милијарди инвестиции

Стразбур, 26 ноември 2014 (МИА) - Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер денеска пред европратениците во Стразбур ќе го претстави водечкиот проект на неговиот мандат - планот за инвестиции во износ од 300 милијарди евра, јави дописникот на МИА од Стразбур.

Целта на планот е да се обнови економскиот раст на Европа, воглавно со привлекување на приватни фондови поддржани од тие на ЕУ.

Планот за инвестиции поаѓа од констатацијата дека инвестициите во Европа се за 15 отсто помали од тие во 2007 година, со што се спречува излегувањето од кризата. Притоа приватните инвеститори не инвестираат многу, а јавните инвестиции се се поретки поради буџетските штедења.

Од планот кој денеска во Стразбур ќе го претстави Јункер се очекува многу, бидејќи тој ќе ја открие дозата на соодносот меѓу приватните и јавните фондови, последиците за јавните финансии на државите членки, како и неговата атрактивност која е гарант за неговиот успех.

Уште не претставен планот на Јункер е веќе критикуван, како од францускиот министер за економија, Емануел Макрон. Имено тој стравува дека планот ќе се покаже „разочарувачки“.

- Ние имаме потреба од вистински пари и ние имаме потреба да ги искористиме истите на ефикасен начин, вели тој.

Европскиот комесар за економски прашања, Пјер Московиси од своја страна инсистираше на потребата да се мобилизираат нови ресурси, во спротивно тој ќе се покаже неуспешен.

Планот според финансиските и економските експерти се покажува доста сложен. Тој е предвиден да трае три години и за него ќе се грижи Европската банка за инвестиции (ЕИБ). Оваа банка е со солидна репутација на финансиски план и таа е оценета со тројно А од агенциите за нотација, но токму поради овој избор, планот се оценува како срамежлив.

Комисијата предлага на ЕИБ да и се довери раководењето со новиот Европски фонд за стратегиски инвестиции, кои ќе ги поддржува проектите кои се поризични од тие кои што вообичаено ги финансира.

Фондот ќе располага со 16 милијарди евра на гаранции кои доаѓаат од буџетот на ЕУ, од кои се веќе постоечки буџетски средства. Нив ќе им се додадат уште пет милијарди од ЕИБ, односно вкупни 21 милијарда евра.

Сумата изгледа мала во однос на најавените амбиции за план од 300 милијарди евра, но овие 21 милијарда ќе служат како амортизер за ризиците, односно како магнет за приватните фондови кои сега не се инвестирани во реалната економија.

Брисел смета дека на овај начин можат да бидат мобилизирани 315 милијарди евра.

Проектите кои ќе бидат финансирани ќе бидат избирани од листата предложена од државите членки, но нема да има квоти за државите. Проектите ќе бидат избирани од експерти кои ќе ги изборат врз основа на атрактивноста на проектите.

Приоритет ќе им биде даден на стратегиските инфраструктури како дигиталните или енергијата, но исто така транспортот, образованието, науката и новаторството.

Вкупно 75 милијарди евра ќе бидат наменети за малите и средните претпријатија, кои најчесто имаат проблеми со изнаоѓање на инвестиции.

Планот предвидува државите исто така да придонесат во него, но притоа им се дава гаранција, посебно на Германија, дека тоа не е задолжително. Сумите кои ќе бидат ставени во планот од државите членки, нема да бидат пресметувани во дефицитот или нивниот долг.

Според оптимистичките пресметки, планот треба да го зголеми за 330 до 410 милијарди евра БДП на ЕУ и да создаде меѓу еден и 1,3 милиони работни места во текот на трите идни години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...