Груевски најави нова германска инвестиција во Охридско-струшкиот регион

Скопје, 27 ноември 2014 (МИА) - Германската ОДВ Електрик веќе регрутира лица за вработување, а за две недели очекуваме информација од втора германска компанија за тоа дали фабриката ќе ја гради во ТИРЗ Струга - Охрид или пак ќе ги користи капацитетите на ЕМО, изјави денеска премиерот Никола Груевски одговарајќи на пратеничко прашање. Информира дека има уште три други заинтересирани компании за инвестирање во охридско-струшкиот регион. 

Александар Николовски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, го праша премиерот за планираните инвестиции и можности за вработување во тој регион, пренесувајќи прашања на граѓани. 

- Околу една година ние работиме со две германски фабрики во смисла на нивно доаѓање во охридско-струшкиот регион и отворање свои капацитети кои ќе вработат поголем број лица. Едната од нив, ОДВ Електрик во април го објави своето влегување во Македонија и веќе започна да регрутира вработени. Четириесетина вработени се ангажирани во браунфилд инвестиција односно во постоечка хала со намера да изгради голема фабрика во ТИРЗ Струга-Охрид каде што планираат да работат поголем број луѓе, рече Груевски. 

Втората компанија, која исто така доаѓа од Германија, посочи тој, е во завршна фаза на одлука каде точно ќе ја изгради фабриката или ќе се стационира. - Дали тоа ќе биде во просториите на ЕМО или во ТИРЗ Струга-Охрид. Претседателот на нивната компанија пред два дена беше кај мене заедно со други министри и ми кажа дека отприлика за две недели би требало компанијата да ја донесе одлуката дали ќе се стационираат во просториите на ЕМО или пак во ТИРЗ, изјави премиерот. 

Не постојат дилеми, вели тој, дали тие ќе инвестираат во охридско - струшкиот регион, туку дали тоа ќе биде во просториите на ЕМО или во ТИРЗ.

- Тоа е исто така фабрика која ќе вработи голем број на луѓе. Нејзиното име сеуште не сум во можност да го соопштам бидејќи тие тоа сеуште не го објавиле. Секогаш го објавуваме името откако самата компанија ќе ја објави инвестицијата, рече Груевски. Оваа компанија, според премиерот, е од автомобилската индустрија.

Покрај овие две компании коишто треба да вработат поголем број луѓе, додаде премиерот, постојат три други заинтерсирани компании за преземање и купување објекти од поранешен ЕМО.

- Едната е од Унгарија, втората од соседна Бугарија и третата од Србија. Тие пројавија интерес за инвестирање, купување делови од ЕМО, вработување луѓе во нив и отпочнување производство. Сите овие три се од областите кои во минатото ги работеше ЕМО, делумно се од делот на трансформатори, делумно далекуводи... Се надевам дека во блиска иднина ќе имаме одредена разрешница околу овие три компании, рече Груевски. 

Владата, потенцираше тој, е целосно посветена на отворањето нови работни места, можеби најголемо. - Одиме со сите сили да ги убедиме, да ги привлечеме да отворат свои капацитети и да вработат луѓе тука во Македонија, рече премиерот. 

Заменик-министерот за транспорт и врски Ниметула Халими, одговарајќи на пратеничко прашање на Николовски, рече дека се работи на подготвителни работи на трасата за изградба на автопатот Кичево - Охрид.

- Се работи во подготвителните работи на трасата. Приближно е пробиено 25 проценти од трасата, отпочнати се подготвителните работи и во пробивањето на тунелот. Во процес е постапката на експропријација. Сега засега се решени и имотно - правните прашања на третата локација за кампот. Се јавува проблем на терен во подземните кабли посебно со ЕВН и Телеком. Во фаза е потпишување договор со Телеком за преместување на оптичките кабли и договорот е предаден и до извршителот на проектот. Потребно е да се комплетираат и одредени проекти кои сега засега треба да се отворат за постојниот проект, изјави Халими.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...