Истражување: Грците со помалку пари за божикни подароци во однос на лани

Атина, 28 ноември 2014 (МИА) - Економската криза во Грција продолжува и граѓаните ќе имаат помалку пари за божикни подароци во споредба со минатата година, покажуваат резултатите од истражувањето на консултантската компанија „Делоит“ за куповната моќ на европските потрошувачи за овогодинешните божикни празници, пишува весникот „Вима“. 

Грчките потрошувачи планираат да потрошат 406 евра за Божик, што е намалување на буџетот за 12,5 проценти во однос на реалните трошоци што тие ги направиле за Божик минатата година. 

Според истражувањето, европските потрошувачи во просек планираат да потрошат 488 евра низ продавниците за Божик, што е само три отсто помалку од реалните трошоци направени за Божик минатата година. 

Грците планираат да потрошат 163 евра за храна, 162 евра за подароци и 81 евро за социјални активности. 

Во Европа како најчест подарок за пријатели и роднини за Божик годинава се книгите.

Потрошувачката активност се очекува да започне на 1 декември, додека 90 проценти од испитаниците планираат божикните купувања да ги направат кон средината на месецот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...