Евро работната група ги повика тројката и Грција да ја завршат ревизијатаАтина, 28 ноември 2014 (МИА) - Работната група на Еврогрупата истакна дека тројката меѓународни кредитори и грчката Влада треба напорно да работат за да ја завршат ревизијата до крајот на декември, јави дописникот на МИА од Атина.
Претставниците на министрите за финансии од Еврозоната одржаа состанок на кој разговараа за развојот на настаните во грчката економија и преговорите со тројката , и според извори во грчкото Министерство за финансии, заклучиле дека „има значителен напредок во неколку сектори, но и потреба од понатамошно приближување во други“.
Истите извори рекле дека детално се разговарало за текот на грчката програма и непречена транзиција кон следниот чекор.
|