За развој на женското претприемништво партнерства, совети и кредити

Скопје, 28 ноември 2014 (МИА)  - Женското претприемништво може да излезе од рамката на микро и мали бизниси и да го зголеми бројот на вработени со почести деловни средби на регионално ниво за нови партнерства и користење советодавни и консултантски услуги и кредитни програми. 

Тоа беше порачано на Првата регионална конференција за женско претприемништво - добри практики и вмрежување“, што се одржува од денеска во Скопје, во организација на  фондацииите за менаџмент  и индустриско истражување и претприемачки сервис за млади. 

На конференцијата над 50 жени претпримачи од Македонија, Србија, Бугарија, Словенија, Хрватска и Романија  разменуваат искуства за нови партнерства.

Македонски претприемачки веќе склучиле 15 договори за соработка со колешки од други држави, на деловни средби преку секторската група за женско претприемништво на Мрежата за бизнис можности.  

- Идејата е да направиме платформа која ќе го промовира женското претприемништво особено во делот на интернационализација на женските бизниси  да најдат нови пазари, да најдат деловни партнери надвор од Македонија или од земјите каде доаѓаат и да направиме контакти кои ќе ни помогнат во процесот на заедничко делување, изјави Габриела Костоска од Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување. 

Според Валентина Дисоска, претседател на Асоцијацијата на жени, жените се се похрабри и отвораат свои бизниси,  но  се уште во рангот на микро и мали претпријатија со мал број вработени. 

-  Бележиме значителен напредок и можеме да кажеме дека во споредба со периодот од пред десетина години кога имавме 4 проценти жени претпремачи сега 30 проценти од вкупниот број  копании се основани од жени. Факт е дека жените се осмелуваат да отворат свои компании,  но проблем е што тоа се во рангот на микро и мали компании со мал број вработени, односно 10 проценти од вкупно вработените. Исто така, тие компании имаат многу мала заработка и  профит, а токму на тоа работиме да ги поттикнеме компаниите и младите жени да преминат  во попрофитабилни бизниси, изјави Дисоска. 

За поддршка на женското претприемништво во Македонија, според најавите, Европската банка за обнова и развој од февруари следната година ќе понуди посебна кредитна линија. 

- Со пристап до знаење и до финансии ги решаваме суштинските проблеми на женското претприемништво затоа што во нашето работење со бизниси во 25 држави сфативме дека жените се соочуваат токму со проблеми, односно недоволен пристап до финансии од причина што не се во можност да понудат добро обезбедување,  немаат исто така доволно самодоверба да го развијат бизнисот, а присутен е и недостиг на вештини, информации и знаење, изјави Маја Антеска, национален менаџер за поддршка на мали и средни бизниси при ЕБОР. 

Според  Антеска, факт е дека жените се успешни  и посветени, но им треба охрабрување за да преминат од микросегментот кон малите, средните или големите фирми. Тој проблем се решава со подобри компетенеции и со пристап до поволни кредитни средства,  наведе Антеска.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...