КХВ одобри продажба на сопствени акции на „Бетон“

Скопје, 28 ноември 2014 (МИА) - Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија одобри продажба на сопствени акции по пат на приватна понуда на Друштвото за градежништво "Бетон" АД Скопје.

Како што соопшти Комисијата за хартии од вредност, предмет на продажба се 2.751 сопствени обични акции со номинална вредност по акција од 255,65 евра и продажна вредност по акција од 4.200 денари. Вкупната продажна вредност на сопствените акции е 11.554.200 денари.

Приватната понуда е упатена за познатиот купувач – правното лице "РЖ Техничка Контрола" АД Скопје .

Сопствените акции кои се предмет на продажба претставуваат 5,04 проценти од основната главнина на "ДГ Бетон " АД Скопје.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...