Конференција за решавање на долговите и управување со нефункционалните кредити

Скопје,  28 ноември 2014 (МИА) - Во организација на ИФЦ, членка на Групацијата на Светска банка и Народната банка на Република Македонија денеска во Скопје се одржа Конференција за решавање на долговите и управувањето со нефункционалните кредити во земјава. 

На Конференцијата беше истакнато дека Македонија ќе има полза од експертизата на Светската банка за одржливите системи за решавање на долговите и управувањето со нефункционалните кредити.

Целта на Конференцијата,  според претставникот на ИФЦ во Македонија Зоран Мартиновски, е да се споделат меѓународното искуство и знаење во областа на стратегиите за решавање на долговите.

Истакна дека постои ризница од искуства во другите европски земји што може успешно да се применат и во Македонија.

Конференцијата ја отвори гувернерот на НБРМ Димитар Богов кој истакна дека не може да се создаде ефективен и ефикасен систем за решавање на долговите без учество на носителите на политиките, регулаторите и другите релевантни институции.

На Конференцијата се дискутираше и за техничките прашања поврзани со решавањето на долговите, со особен осврт на она што може да сторат носителите на политиките за да го олеснат решавањето на нефункционалните кредити во банкарскиот сектор. Учесниците разговараа за расположливите механизми за принудна наплата на долгот, за постапките поврзани со преструктурирањето и несолвентноста, за потенцијалната продажба на нефункционалните кредити и даночните влијанија, како и за разните пречки за ефикасно решавање на долговите во земјата.

На Конференцијата присуствуваа претставници на Министерството за финансии, Министерството за правда, Управата за јавни приходи, како и претставници на судовите, деловните банки и македонското Здружение на банкарството.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...