Обезбедени 42 милиона евра за делницата Градско-Прилеп

Скопје, 28 ноември 2014 (МИА) - Обезбедивме дополнителни 42 милиона евра од Европската банка за обнова и развој. Парите се веќе одобрени за изградба на делницата Градско-Прилеп, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески при денешната посета на Прилеп.

Според Ставрески, изградбата на делницата Градско-Прилеп која го опфаќа најпроблематичниот дел кај Фариш и Дреновската клисура ќе почне наредната година.

- Во следните 5-6 месеци ќе трае процесот на експропријација и веднаш потоа се распишува тендер за градба. Очекувам при крајот на летото и почетокот на есента 2015 година  да почне градбата на делницата. Ќе има по две ленти во двата правци со вкупна ширина од 12 метри. Еден дел ќе биде проширување, а оној најлошиот дел ќе биде целосно нова патна делница, рече Ставрески.

Граѓаните и бизнисмените, истакна, добиваат многу и побрзо се поврзуваат со Скопје.

- Прилеп ќе биде подобро поврзан со автопатот, со Коридорот 10, а граѓаните и бизнисмените за пократко време ќе може да дојдат до Скопје, изјави вицепремиерот Ставрески.


Тој очекува делницата која ќе почне да се гради наредната година да биде готова за 24 месеци.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...