Девизните дознаки да се искористат за самовработување

Скопје, 28 ноември 2014 (МИА) - Девизните дознаки да се искористат за самовработување на младите лица кои најчесто не можат да обезбедат финансии за отворање сопствен бизнис, порачуваат експертите. 

Според најновото истражување на Универзитетот Американ Колеџ Скопје, токму девизните дознаки што ги добиваат семејствата можат да го зголемат самовработувањето на младите за 30 отсто доколку се искористат како финансиска поддршка.

Државата го поздравува предлогот, но, како што изјави директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски, засега не може да го реализира зашто е ограничена со ресурси.

- Дознаките имаат висок развоен потенцијал, придонесуваат за намалување на сиромаштјата и за рамномерна распределба на доходот, но можат да имаат голема улога и во самовработувањето на младите. Затоа, не треба да се користат само за поттикнување на потрошувачката, рече денеска на прес-конференција проф. д-д Никица Мојсоска Блажевски од Американ колеџ, презентирајќи ги заклучоците од Извештајот од истражувањето „Девизни дознаки, самовработување на млади и пазар на труд“. 

И професорот Марјан Петрески, кој исто така беше дел од истражувањето, нагласи дека девизните дознаки може да имаат голем ефект врз самовработувањето на младите.

- Анкетата покажува дека само околу 10 – 11 отсто од домаќинствата кои примаат дознаки ги канализирале во бизнис. Притоа најчесто се основаат мали и микро претпријатија за земјоделска дејност, фризерски услуги, занаетчиство или продавнички, посочи Петрески.

За поттикнување на искористување на девизните дознаки, професорите од Американ колеџ сугерираат неколку мерки: ослободување на младите од социјални придонеси во првите две години ако почнат сопствен бизнис, обезбедување 30 отсто буџетска поддршка и 50 проценти грант за оние кои ќе се самовработат од девизните дознаки, како и обезбедување субвенции за обуки за креирање бизнис план за самовработување од дознаките, субвенционирање на трошоците за кредит за проширување на бизнисот во третата година, целосно царинско ослободување за увоз на капитални добра (машини, опрема, технологија, ѓубрива,...),...

Препораки има и за надминување на дисбалансот на пазарот на труд каде, според професорите, доминира машката популација. Во овој сегмент се предлага обезбедување поддршка за жените претприемачи.

- Ја почитувам идејата, добра е секоја намера што го мотивира младиот човек да не биде невработен, да биде корисен за себе и општеството, но во овој момент, во рамките на она што можеме да го направиме, се уште е рано за вакви проекти. Овие мерки се користат секаде во Европа и светот, мотивирачки се за младите, но треба да се размисли колку сме ние финансиски подготвени. Планираме во наредниот период да имаме повеќе средства, но засега за 2015 година сме малку ограничени, рече Поповски.

Универзитетот Американ Колеџ Скопје го спроведе истражувањето со поддршка на Партнерството за економска политика. Меѓу заклучоците стои дека младите етнички Албанци имаат поголема претприемачка склоност, најверојатно поради повисокиот износ на дознаки од странство кои ги добиваат како резултат на силните врски со дијаспората. Поголема веројатност за отворање сопствен бизнис има и кај младите од главниот град во однос на останатите градови од државата.

Согласно истражувањето, дознаките создаваат зависност кај корисниците поради што е намалена веројатноста за почнување сопствен бизнис. Овој ризик фактор се зголемува со зголемување на возраста на лицата. 

Во Македонија досега се евидентирани 11.000 самовработувања преку кредитирање и обезбедување грант.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...