Западните компании трпат загуби од санкциите кон Русија

Берлин, 17 декември 2014 (МИА) - Слободниот пад на вредноста на руската национална валута како последица на западните санкции ќе има долгорочно влијание врз рубљата и состојбата на руската економија, но и на низа држави и компании активни во Русија, кои на свој грб ја чувствуваат трговската војна поради Украина.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, Германија како најсилна економија во ЕУ е земјата која најмногу ги чувствува последиците од санкциите, што придонесоа за намалување на прогнозите за раст во последниот квартал од оваа година и за цела наредна 2015 година.

Минатата година германската трговска размена со Русија беше во висина од 76 милијарди евра што не може да се повтори во тековната или идната година, како што ќе се намалува извозот и нивото на инвестиции. Со оглед на тоа што позитивниот раст на целата еврозона почива главно на Германија, јасно е дека санкциите ќе имаат краткорочни, но и среднорочни последици по европската економија.

Рускиот контраудар и забраната за увоз на зеленчук, овошје, месо, риба, млеко и млечни производи од Европа, САД, Канада и Австралија, дополнително ќе оптовари низа национални економии и мултинационални компании и ќе ја комплицира и онака сложената економска состојба во Унијата.

Околу 10 отсто од европскиот извоз во Русија е од прехранбената индустрија и оваа гранка ќе настрада најмногу, за што се свесни и евролидерите кои веќе ставија настрана над 150 милијарди евра за компензација на производителите.

На ниво на компании состојбата е потешка особено кај оние западни фирми кои имаат свои операции во Русија. Во енергетскиот сектор „Бритиш Петрол“ која поседува значителен број акции во „Росњефт“, која е под американско ембарго, предупреди дека санкциите ќе предизвикаат големи проблеми и пад на вредноста на акциите за една четвртина од вредноста.

Францускиот гигант „Тотал“ ќе претрпи сериозни финансиски штети откако мора да ги запре заедничките ископувања со рускиот „Лукоил“, американската „Ексон Мобил“ е на листата на најголеми жртви на западните санкции кон Кремљ.

Кај автопроизводителите најголем проблем имаат фирми како „Форд“, кои имаат свои погони на руска територија и ја користат руската рубља во трговијата. Германскиот „Фолксваген“ обвинува дека политиката е виновник за падот на продажбата во Русија за 8 отсто како и за 12 процентното намалување на вредноста на своите акции само во 2014 година. Слични проблеми на 150 милионскиот руски пазар имаат и „Рено“ и „Пежо Цитроен“.

Падот во банкарскиот сектор е уште поголем. Француската „Сосиете Женерал“ го намали профитот на својата руска филијала за 36 отсто, а големи штети трпат и холандската „Рабобанк“ и италијанската „Уникредит“.

И во другите сектори состојбата е слична. По акциите на регулаторните тела на Руската Федерација која привремено затвори 12 ресторани на „Мекдоналдс“, глобалниот гигант во брза исхрана е пред колапс во Русија.

Свои продавници затвора и „Адидас“, пред се поради намалената куповна моќ на Русите погодени од западните санкции. Со намалена потрошувачка се соочува и данскиот „Карлсберг“. Акциите на „Кока Кола ХБЦ“, која пакува освежителни пијалаци на руска територија паднаа за речиси една третина во 2014.

Меѓу другите свои сценарија за спас, рускиот претседател Владимир Путин игра и на картата и влијанието на западните мултинационални компании, кои ако продолжи овој тренд ќе започнат со притисок на своите влади. Според западните лидери, засега има доволно пари за да се компензираат сите штети предизвикани од политичкиот судир меѓу САД, ЕУ и Русија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...