Германија воведува патарина

Прага, 17 декември 2014 (МИА) - Возењето по германските автопатишта од 2016 година најверојатно веќе нема да биде бесплатно, јавија чешките медиуми. 

Како што пренесе дописникот на МИА од Прага, според најавите, годишниот надомест за возачите на патничките автомобили ќе чини околу 130 евра, а за еколошките автомобили ќе се пресметува со попуст.

Возачите ќе имаат можност да платат надомест и за двомесечно користење на автопатиштата - 22 евра или за десетдневно користење - 10 евра.

Доказ за плаќањето на патарината е налепница која ќе треба да се залепи на предното стакло на автомобилот, а камери ќе ги снимаат налепниците и регистрациите на возилата.

Предлог-законот за плаќање на овој надомест денеска беше одобрен од германската Влада и ќе се разгледува и од Парламентот.

Воведувањето на патарината ќе го почувствуваат главно странските возачи, бидејќи на Германците, за цената на патарината ќе им биде намален данокот за сопственост на моторно возило.

Европската комисија има резерви кон најавената мерка и смета дека се врши дискриминација меѓу германските возачи и останатите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...