Одложувањето на задолжницата е на барање на бизнис секторот

Скопје, 18 декември 2014 (МИА) - Задолжницата како инструмент е замислена како поддршка на финансиската дисциплина и заштита на доверителите и оние кои имаат побарувања во деловниот однос. Одложување на нејзината примена за три месеци е на барање на бизнис секторот за доуредување на начинот на нејзиното издавање. Барањето е рамковно да се издава за поголем износ на средства одеднаш со цел да се избегнат бирократските процедури, истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

- Долги децении во Македонија владееше политиката на заштита на должниците, односно тие можеа да прават што сакаат, да не ги плаќаат обврските. На  не му остануваше ништо друго освен да се обидува да ги добие средствата по судски или друг пат што кога си помала фирма и не е така лесно да го направиш. Затоа ја воведовме задолжницата со цел да има сигурност во наплатата на побарувањата, истакна Ставрески во рамки на дебатната емисија на Македонската телевизија.

Појасни дека одлуката за одложување на примената ја донеле по средбите на со бизнис заедницата и чии претставници истакнале дека има потреба од одредено доуредување на начинот како ќе се издава задолжницата, особено, како што рече, кога станува збор за компании кои имаат на дневна основа голем број трансакции над пет илјади евра колку што е прагот на задожителната задолжница.

- Сметаме дека тоа е оправдано барање односно оправдана забелешка којашто ја разгледавме во Министерството за финансии и од тие причини предложивме да се дополни Законот во насока да се овозможи рамковно да се издава задолжницата за поголем износ на средства со цел да немора фирмите да се занимаваат со бирократски процедури. Доколку компанијата работи постојано со одредена фирма да може на еден рамковен износ да ја даде задолжницата еднаш и да не мора за секои пет илјади евра да оди кај нотар, да ја заверува и слично. За тоа да се направи потребно е адаптирање на софтверот и малку  повеќе време и затоа се даде пролонгирање на рокот за три месеци со цел да излеземе во пресрет на ова барање на бизнис заедницата, потенцира вицепремиерот Ставрески.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...