Путин најави дека Македонија може да биде на главната траса на „новиот Јужен поток"

Москва, 19 декември 2014 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин, во својата неколкучасовна прес-конференција во четвртокот, ги посочи Македонија и Грција како можни алтернативи на Бугарија, за проектот за транспорт на гас до Европа. Русија неодамна се откажа од проектот за изградба на Јужен поток, гасоводот кој требаше да спроведе руски гас преку Црно Море, Бугарија, Србија и Унгарија до Австрија, заобиколувајќи ја Украина. Новата руска најава е за изградба на гасовод под Црното Море до Турција, со тоа што опциите за транспорт на гасот до Европа дополнително би се утврдиле.

- Одлуката главно ќе зависи од нашите европски партнери. Дали сакаат стабилно, загарантирано и апсолутно транспарентно снабдување со енергенси од Русија, кои им се апсолутно неопходни, и тоа без ризици при транспорот. Ако сакаат, одлично! Можеме да почнеме да работиме на гасовод до Македонија, преку Грција, кој ќе продолжува кон Србија и ќе оди до Баумгартен во Австрија. Ако не го сакаат, тогаш нема да го градиме. Но, факт е дека нема поевтин и посигурен снабдувач од Русија, и во блиска иднина нема ниту да има, изјави Путин на прашањето како понатаму ќе се развиваат руските проекти за извоз на природен гас.

Баумгартен во Австрија е голем центар за складирање природен гас кој се користи за снабдување на Европа и низ кој поминува најголем дел од рускиот природен гас увезен преку Украина и Белорусија. Европската Унија, која со години поставуваше голем број законски и регулаторни обврски кои го попречија проектот Јужен Поток, се уште бара дополителни појаснувања од Русија за најавата на претседателот Путин дека се откажува од овој проект. И новата бугарска Влада се изјасни дека не е против изградбата на гасоводот, кој требаше да и донесе стотици милиони евра само за транзит, преку нејзина територија. Но, и Грција најавува дека сака да се претвори во главна порта за транспорт на гас до Европа, при што гасот понатаму би можел да биде транспортиран преку Бугарија, Македонија, Албанија или Јонското Море до европските пазари.

Првичниот план за проектот Јужен Поток предвидуваше Македонија да не биде на главната траса на гасоводот, туку само да добие помала, снабдувачка линија која би била доволна за потребите на македонските домаќинства и за развој на индустриските гранки кои бараат големо количество на ефтини енергенси. По откажувањето на Јужен Поток, ова е прва директна најава дека Македонија, место споредна, може да добие една од главните улоги во проектот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...