Саем за проектот „Купи куќа, купи стан“ во ТЦ „Рамстор“

Скопје, 20 декември 2014 (МИА) - Градежни фирми, банки и компании поврзани со домувањето учествуваат на саемот за проектот „Купи куќа, купи стан“ кој денеска почна во трговскиот центар „Рамстор“. Тие на штандови даваат информации за заинтересираните граѓани кои сакаат да дојдат до сопствен дом со поволностите што ги нуди владиниот проект. 

Саемот ќе трае до 28 декември. Го организира Министерството за финансии вторпат поради големиот интерес на претходниот што минатиот месец се одржа во ТЦ Сити мол.

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска ги посети информативните пултови на учесниците. За медиумите изјави дека саемот се организира повторно зашто првиот покажал исклучително позитивни резултати и зголемен интерес за проектот. 

- Овде ќе биде нашиот дом којшто го отвораме за граѓаните, заедно Министерството за финансии, банките и сите фирми што продаваат станови под 900 евра по метар квадратен или што нудат куќи, да ги дадат информациите за граѓаните да можат да се информираат, да се консултираат, да разберат какви се условите за купување стан или изградба на куќа, да видат какви се условите за кредит и колку државна помош во вид на неповратни субвенции можат да добијат. Се работи за исклучително висока помош. Со проектот „Купи куќа, купи стан“ граѓаните можат да добијат до 14.000 евра неповратна помош за да го решат прашањето на сопствен дом, изјави Ставрески.

По првиот саем во Сити мол имало зголемен интерес кај банките и фирмите од  граѓани кои дошле да прашаат, а  многу од нив и реализирале кредити. Интерес за проектот имало и од жители на други градови, не само од Скопје. Саемските презентации на проектот  „Купи куќа, купи стан“ во 2015 ќе продолжат и во градовите низ Македонија. 

- Во еден месец имавме над 50 кредити одобрени за проектот „Купи куќа, купи стан“, што е неколкукратно повеќе отколку просекот за претходниот период. Со ефектите кои ги постигнавме, а тоа се намалени каматни стапки на станбените кредити како никогаш досега, историски тие се на најниско ниво, има субвенции и неповратна помош од државата, и фирмите ги намалија цените на становите за да може да се вклучат во проектот. Тоа покажува дека се извонредни условите и граѓаните треба да се охрабрат да го решат ова прашање,  истакна Ставрески. 

Сопственикот на „Адора инженеринг“ Ванчо Чифлиганец е задоволен од интересот за становите што ги нуди неговата компанија преку владиниот проект. Продажбата, рече тој, се должи, пред се, на поволната бизнис-клима во државата. 

-  „Адора инженеринг“ во однос на лани има од 15 до 20 проеценти повеќе продадени станбени единици. Лани имавме 274, а оваа година ќе имаме 300 или над 300 станбени единици. По проектот „Купи куќа, купи стан“ од почетокот до сега имаме продадено околу 50 висококвалитетни станбени единици. Овој проект со субвенциите кои ги дава Владата е најповолната можност со која купувачите можат да дојдат до квалитетен стан, по поволни цени, бидејќи денес банкарскиот сектор има најниски камати што ги знае македонската економија, со 5 отсто, а во овие три месеци има и камати со 3 отсто, изјави Чифлиганец.


Роберт Хот, сопственик на фирмата за изградба на куќи „Хот и Хот“ и претседал на Градежната комора во Сојузот на стопански комори, рече дека саемот е добар начин за комуникација со потрошувачите  кој треба да продолжи во иднина зашто тие на едно место се запознаваат со сите чинители во проектот. 

- Градежната комора и ССК максимално го поддржува овој проект и веруваме во неговиот успех, рече сопственикот на компанијата „Хот и Хот“, која гради типски населби во Скопје. Покрај таа во Бутел, во план е и втора типска населба во Соње, во општина Сопиште, каде што ќе има исто така објекти за проектот „Купи куќа, купи стан“. 

Саемот во ТЦ „Рамстор“ ќе трае до 28 декември, а следниот викенд, во пресрет на Нова година и пред големото извлекување на стан од наградната игра „Фискална во рака - награда без мака“, ќе има и празнична атмосфера во „Рамстор“, целодневна забава со настап на пејачи и музички групи. 

Посетителите кои во последните два дена од саемот ќе соберат најмалку шест клучиња од штандовите на компаниите ќе може заедно со 10 плика со по 20 фискални сметки да ги заменат со бесплатни лозови и  грепки од Државна лотарија на Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...