Ставрески

Поднесени 306.000 барања за откуп на дворното место

Скопје, 22 декември 2014 (МИА) - Вкупно 306.000 барања се поднесени до крајниот рок за откуп на дворно место. Од нив 234.000 се поднесени откако актуелната Влада донесе одлука откупот на дворното место да се врши по едно евро за метар квадратен.

Ова го соопшти вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на отворената владина седница, оценувајќи го проектот како успешен. 

- Ова е еден историски процес и еден од најкрупните проекти со кој 306.000 семејства што поднеле барање и оди во добра насока. Ова беше еден од проектите за  кој најмногу пати го продолжувавме рокот. Дававме нови рокови и сега на 15 декември истече последниот рок. Вкупно 306.000 барања за приватизација се поднесени, од кои 234.000 по нашата одлука како Влада од пред неколку години да се откупува по едно евро за метар квадратен. Значи, речиси 80 отсто од сите барања во овие 15 години, се поднесени во последните три години кога ја намаливме цената и со пролонгирањето на роковите, рече Ставрески.

Тој додаде дека 176.000 барања, од вкупно 306.000, се решени, односно 176.000 граѓани извршиле веќе приватизација на дворното место по едно евро. Во процедура се 130.000 барања и како што посочи вицепремиерот ќе настојуваат во Управата во наредните две години да се заокружат овие барања, односно да се заврши постапката.

Оцени дека како вистинка мерка се покажало намалувањето на цената по едно евро бидејќи дотогаш граѓаните можеа да поднесуваат барања, но не го правеа тоа. - Значи, фактички тоа е еден процес што еднаш во генерации се случува. Сега во оваа генерација ќе го купат земјиштето и ќе го остават на децата, на внуците, на поколенијата и ќе може понатаму и да биде повреден тој простор и да го користат за надградба на куќа, на хипотека за кредит во банка и слично, истакна Ставрески.

Побара уште малку трпение од граѓаните за да се дозаокружи проектот, бидејќи, како што рече, навистина е крупен и со секое пролонгирање на рокот се создаваат нови обврски и дополнителен број барања.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...