Јавен повик за продажба на земјиште во Речани 2 и езерото „Младост“

Велес 22 декември 2014 (МИА) - Општина Велес објави повик за отуѓување градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање лоцирарно во Индустриската зона Речани 2 и езерото „Младост“. 
 
Како што информира на денешната прес конференција градоначалникот Славчо Чадиев, станува збор за продажба на вкупно девет парцели во Индустриската зона Речани 2,  од кои пет со намена на градба за лесна индустрија и четири плаца  за сервиси.

Електронското јавно наддавање ќе се спроведе на 23 јануари 2015 година, а почетна цена ќе биде 61 денар по метар квадратен.

Со оваа објава предвидени за продажба се две  парцели со намена за хотелски комплекси и други пет на кои се предвидува изградба на мотели кај езерото „Младост“ во близина на Велес.

Почетната продажна цена на овие парцели изнесува 283 денари од метар квадратен. Јавното наддавање ќе се спроведе на 26 јануари 2015 година. 
 
Градоначалникот Славчо Чадиев денеска ги повика сите бизнисмени и потенцијални инвеститори да ја искористат поволноста на цените за продажба на плацовите.


Тој додаде дека им се дава можност да учествуваат и на локалнните стопанственици да го најдат својот интерес и да инвестираат во бизнис што има перспектива. 

Според градоначалникот овој повик за продажба на плацеви е од огромна важност за економскиот развој на Велес од повеќе причини.

- Прво и основно - развој на стопанството и можност за отворање нови работни места, а што ќе значи и јакнење на фирмите и подигнување на стандардот на граѓаните. Придобивка е и урбанизацијата на крајбрежјето на езерото  „Младост“и негово уредување. Со изградбата на комплекси од хотели и мотели се зголемува и можноста за поквалитетна туристичка понуда за развој на ловен, риболовен и транзитен туризам, истакна Чадиев.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...