Продадени градежни парцели во зоната „Речани 2“ и кај езерото „Младост“

Велес 26 јануари 2015 (МИА) - Општина Велес продаде 9 градежни парцели во индустриската зона „Речани 2“ и 4 кај езерото „Младост“ преку две јавни наддавања по електронски пат, информира денеска на прес-конференција градоначалникот Славчо Чадиев.
 
Од продажбата на градежното земјиште во зоната „Речани 2“, Општина Велес ќе инкасира 16.194.539 денари. - Почетната цена на наддавањето на кое што беа пријавени 34 кандидати изнесуваше 61 денари по метар квадратен, а највисоката продажна цена за една парцела изнесуваше 651 денари по метар квадратен, рече Чадиев.
 
На продадените 4 парцели кај „Младост“ се предвидува изградба на мотели. Почетната продажна цена на овие парцели изнесуваше 283 денари од метар квадратен, а сите се продадени по цена од 313 денари за метар квадратен.
 
Чадиев истакна дека продажбата на градежно земјиште во индустриските зони и кај езерото „Младост“ е од огромна важност за стопанскиот развој на Велес од повеќе причини.  Основно  е развој на стопанството и можност за отворање на нови работни места. Тоа значи јакнење на фирмите и подигнување на стандардот на граѓаните. Придобивка е урбанизацијата на крајбрежјето на езерото и негово уредување. Со изградбата на комплекси од хотели и мотели се зголемува можноста за поквалитетна туристичка понуда, за развој на ловен, риболовен и транзитен туризам, потенцира Чадиев.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...