Дополнителни царински контроли кај увозници на нови возила за превоз на стоки

Скопје, 27 јануари 2015 (МИА) - При постапка за редовно царинење нови моторни возила пријавени како товарни (за превоз на стоки - тарифен број 8704), минатата година во повеќе наврати, некои од нив, наместо како патнички се погрешно тарифирани и пријавени како товарни.

Поради ова, како што потсети Царинската управа, за случаите каде е утврдено погрешно тарифирање изготвени се повеќе записници за утврдување нова тарифна ознака, при што ваквите возила, согласно нивните карактеристики се распоредени како патнички автомобили и други моторни возила главно конструирани за превоз на лица, вклучувајќи моторни возила за комбиниран превоз на лица и стоки (тарифен број 8703).

По извршената анализа на состојбата, кон крајот на 2014 година се спроведени дополнителни контроли кај увозници на нови моторни возила за превоз на стоки, со посебен осврт на тарифното распоредување на возилата во однос на тоа дали се работи за патнички автомобили и други моторни возила главно конструирани за превоз на лица, вклучувајќи моторни возила за комбиниран превоз на лица и стоки од типот „караван“, „комби“, и.т.н. и автомобили за трки или за моторни возила за превоз и возилата со бруто маса што не надминува 5 тони,  при што е опфатен период од три години, односно од 01.01.2012 година.

Спроведени се контроли кај 12 увозници на нови моторни возила и тоа на увозот на нови возила за превоз на стоки од тарифен број 8704, со бруто маса што не надминува пет тони, при што со контролите беа опфатени околу 92% од вкупно увезените 2.427 возила од претходно наведената категорија.   

Бројот на сомнителни возила за кои со контролите е утврдено дека неправилно биле распоредени како моторни за превоз на стоки со бруто маса што не надминува пет тони наместо како патнички автомобили, изнесува околу 760.

До овој момент целосно се завршени контролите во три трговски друштва (изготвени и доставени до контролираните лица дефинитивни записници и изготвени предлози за дополнителна наплата), при што во две трговски друштва се констатирани неправилности за 48 возила, по што се изготвени соодветни предлози за дополнителна наплата на акциза и ДДВ во вкупна висина од околу 27.000 евра. За уште три трговски друштва изготвени се дефинитивни записници за кои е во тек постапката за достава на истите по пошта, и по добивање на потврда за прием ке следи изготвување на предлози за дополнителна наплата на акциза и ДДВ. За едно трговско друштво е изготвен претходен записник за кој е во тек постапка за достава до контролираното лице, по што ќе течат роковите за доставување на евентуални забелешки, изготвување на дефинитивен записник и негова достава до контролираното лице. За останатите пет трговски друштва во тек е изготвувањето на претходните записници за констатираната состојба.

Патничките моторни возила (тарифен 8703) при увоз подлежат на пет отсто царина, 18 проценти ДДВ и акциза во износ кој е предвиден со Законот за акцизи во зависност од вредноста на возилото, додека за увоз на товарни моторни возила, односно возила за превоз на стока (тарифен број 8704) се наплаќа пет отсто царина за нови и 15 проценти за употребувани возила, 18 отсто ДДВ, а акциза не се наплаќа согласно Законот за акцизи.

Дополнителната наплата на акциза и ДДВ по едно возило, со акцизна основица од 6.000- 8.500 евра е околу 200-250 евра, а за акцизна основица од 8.500-12.000 евра, изнесува околу 430-450 евра по возило. Најголемиот број на сомнителните возила спаѓаат во овие две категории и вкупната дополнителна наплата (без камати) на акциза и ДДВ ќе изнесува околу 350.000 евра.

Согласно член 216 од Царинскиот закон, обврска за плаќање на увозните давачки има увозникот, а не купувачот на возилото.

- Резултатите од пост-контролите ќе имаат одраз на постојните критериуми за селективност и преиспитување на исполнетоста на условите за користење на поедноставени постапки од увозниците, наведува Управата.

Согласно своите надлежности, како што додава, постојано врши контрола во сметководствената и комерцијалната документација на трговските друштва увозници на редовна основа. Овие контроли се вршат кај сите увозници и истите ќе продолжат и понатаму. При овие контроли, доколку се воочат неправилности констатирани на записник од извршена контрола, се спроведува постапка за дополнителна наплата на царински долг, односно дополнително евидентирање на долгот. Основ за ваквото постапувње е царинскиот закон, каде е пропишан и рокот за дополнителна наплата.

Постцаринските контроли се редовна активност во сите земји во Европската Унија и светот, и освен контролната функција овој механизам овозможува и забрзување и олеснување на протокот на стоки и услуги преку границите,  што е една од фундаменталните задачи на Царинската управа, и истото е од интерес за сите економските оператори.

При распоредување на стоките согласно Царинската тарифа, се применуваат законските основи за распоредување: Закон за Царинска тарифа како и  објаснувањата на Коментарот на Хармонизиран систем на Светска царинска организација и Коментарот на Комбинираната номенклатура на Европската унија. Царинската тарифа на Република Македонија е во потполност усогласена со Комбинираната номенклатура на Европската унија и истата се применува при определување на тарифната ознака на стоката. Сите други прописи (Закон за возила, Правилник за единечно одобрување на возило), докази итн. кои се базираат на класификацијата на стока за потребите на тие прописи (на пр. хомологација на возилото) се применливи и прифатливи за потребите за кои се издадени, но немаат правно влијание во распоредувањето на стоката согласно царинската тарифа.

Оттука произлегува, дека при распоредување на моторни возила согласно Царинска тарифа не влијае како предметното возило ќе биде регистрирано и класифицирано во хомологацијата и обратно, распоредувањето на возилото во соодветен тарифен број од Царинската тарифа не претставува пречка за регистрација на возилото како патничко или товарно. Ова дотолку и повеќе што категорија „конструирани за превоз на лица” е категорија која не постои во наведените прописи, туку единствено во Законот за царинска тарифа.

Распоредувањето на комбинираните моторни возила, Царинската управа го врши согласно точно утврдени методи од царинските прописи и при тоа нема никаков проблем во точното утврдување на тарифната ознака, а со тоа и соодветната наплата на царински и други давачки.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...