Платежната агенција се подготвува за новата ИПАРД 2 мерка

Скопје, 27 јануари 2015 (МИА) – Со 250.000 евра до мај годинава Платежната агенција ќе се подготвува за акредитација за новата ИПАРД 2 мерка – инвестиции во руралната инфраструктура.

Станува збор за твининг проект финансиран од ИПА 2010 што официјално почнува денеска, а ќе се спроведува во соработка со словенечката Агенција за земјоделски пазари и рурален развој.

- Подобрувањето на руралната инфраструктура е еден од највисоките приоритети на Владата за што придонесува за подобрување на стандардот на земјоделците, на пазарната конкурентност и ефикасност, како и за зголемување на заштитата на животната средина и вработувањето во неразвиените подрачја, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков.

Според него, македонскиот земјоделски рурален сектор се соочува со значајни предизвици во однос на можностите за квалитетно производство, конкуренција на регионалните, европските и меѓународните пазари, подобрувањето на квалитетот на живеењето, како и отворање нови работни места. Оттука, вложувањето во руралната инфраструктура е клучно.

- Целта на оваа ИПАРД 2 мерка е да овозможи добра средина за развој на руралната економија преку изградба на селски патишта и улици, управување со водите за пиење и отпадните води, обезбедување со енергија и други активности, подвлече министерот.

Околу 80 проценти од територијата на Македонија, додаде, се рурални подрачја, а потенцијални корисници на новата ИПАРД мерка се руралните општини и јавните претпријатија за стопанисување со шумите и пасиштата.

Како што истакна евроамбасадорот Аиво Орав, мерката е дизајнирана согласно капацитетите на руралните општини во кои ќе се спроведува.

- Дефинитивно постои потреба да бидеме иновативни и прагматични. Капацитетите во руралните области се ограничени и затоа условите за користење на мерката мора да бидат едноставни и остварливи, посочи Орав, потенцирајќи дека паралелно мора да се инвестира и во обучување на општините.

И директорот на Платежната агенција Тони Димовски се согласи дека е потребно воспоставување ефикасна административна инфраструктура на локално ниво за што поголемо и поуспешно апсорбирање на европските пари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...